Јас навистина верувам во Голема Љубов. Иако зборувам и излегувам на состаноци како да не верувам во тоа. Немам големи очекувања од романтиката. Не барам некој ‘да ме падне од нозе’. Јас сум една од оние ретките, можеби и премногу заситена личност, која всушност ужива во денешната култура на несеризните ‘мувања’ и кои се среќни и живеат во време кога моногамијата не е нужно норма.
Но, верувам во Голема Љубов бидејќи ја искусив.. Имав огромна, значајна љубов. Љубов која ќе те ‘изеде’ цела. Онаа ‘Не можам да верувам дека тоа постои во физичкиот свет’. Онаа врста на љубов која еруптира во неконтролиран пожар а потоа се претвора во тивко тлеење кое трае со години. Љубов за роман и симфонија. Чувство кое ќе ве научи повеќе отколку што можете да научите од било кој и ви дава за возврат бескрајно многу повеќе отколку што ви зема. Тоа е ‘Љубов на мојот живот’.
А тоа функционира вака: Ако сте навистина среќни, ќе ја запознаете Љубовта на својот живот. Ќе можете да бидете со него, да учите и во потполност да му се препуштите и да му дозволите да ви ги залечи малите рани околу срцето. Тоа е искуство кое не може да се мери со било што на овој свет.
Но, има нешто што бајките го премолчуваат: Понекогаш ќе ја запознаеме Љубовта на својот живот, но нема да ја задржиме. Нема да се омажиме со него. Не поминуваме долги години покрај него. Не го држиме за рака на смртна постела после толку години заеднички живот. Не успеваме да ја задржиме љубовта на својот живот, бидејќи во стварниот свет Љубовта не победува се’. Љубовта не ги решава вечните разлики, не триумфира над болеста, не ги премостува верските бариери и не не’ спасува од нас самите кога не и’ стоиме на патот.
Не успеваме секогаш да ја задржиме Љубовта на својот живот, бидејќи понекогаш постојат и други работи покрај Љубовта. Понекогаш вие сакате куќарка во цвеќе и три деца, а тие сакаат бучна кариера во градот. Понекогаш пред вас е цел свет кој треба да се истражи, а тие се плашат да излезат во сопствениот двор. Понекогаш имате соништа поголеми од вас двајцата. Понекогаш најголемата работа која можете да ја направите за љубовта е да ја пуштите да си оди. Понекогаш немате ниту избор.
Но, најважно е дека тоа што не завршивте со него до крајот на животот, ниту малку не го намалува нивното значење. Некои луѓе можат да сакаат повеќе во една година, отколку другите во педесет. Некои луѓе можат да ве научат повеќе за еден ден, отколку некој за цел живот. Некои луѓе влегуваат во вашиот живот само на некое време, но прават такво влијание, кое никој за цел живот не може да го направи и да го надмине.
А зошто ние да не ги чуваме во себе како ‘Љубов на мојот живот’. Треба само да бидеме благодарни што имавме прилика да ги запознаеме луѓето токму такви, по наша мерка. Што ги сакавме многу. Што учевме од нив. Што животот ни е поширок, подобар, бидејќи барем некое време беа дел од него.
Запознавање и пуштање на Љубовта на вашиот живот не мора да биде најголема животна трагедија. Ако и’ дозволите, тоа може да биде вашиот најголем благослов.
Сепак, постојат луѓе кои никогаш не ја запознале.
Сашка
Leave a Reply