Ако случајно се запрашате ‘Зошто мојот партнер ме лаже?’ веројатно сте веќе навикнати на тоа тој често да ви зборува лаги, не нужно за сериозни теми, туку за мали тривијални работи за кои не постои воопшто потреба да ги крие и да лаже за тоа.
Зошто на вашиот партнер му се потребни овие мали, ситни, некој би рекол – бели лаги за да го сакате и прифатите? Да, затоа што токму е тоа најчест случај.
Можеби нема да верувате, ниту да помисите дека тој избира да ве лаже во односот – за да не го изгуби својот партнер и да биде сакан и прифатен. Лудо зарем не? Посебно кога се знае дека лагата е пократкиот пат до раскинувањето. Но, вистина е дека поради тоа некои луѓе мора да зборуваат лаги во својот однос.
Лагите, дури и оние без врска, се случуваат затоа што личноста која ги изговара се чувстува посигурно. На пример, ако партнерот ви каже ситна лага која се однесува на пари, скапа гардероба или посебно расипнички начин на живот, но вас и не ви е многу гајле, престанете да размислувате.
Зошто тоа го прави? Веројатно вашиот партнер парите ги поврзува со чувството на лична вредност или сигурност во себе и така користи некоја лага за да се чувствува подобар, повреден, посигурен.
Поентата, затоа, нема да биде во содржината на лагата, туку има врска со она зошто тоа го прави.
Лагата ги менува деловите на стварноста кои не ви се допаѓаат многу во вашиот живот и кои сакате да ги смените. На пример, ако ви каже дека има многу забавни пријатели со кои оди ‘тука и таму’ и ако утврдите дека тоа не е вистина, дека има двајца со кои се гледа отприлика еднаш во месецот, обидете се да не се лутите. Веројатно ќе мисли дека повеќе ќе го цените и сакате ако поверувате во тоа дека има многу пријатели (што значи дека луѓето го сакаат, па ако го сакаат, полесно ќе го сакате и вие) односно, дека нема да го сакате ако знаете дека нема баш многу пријатели или дека ги нема воопшто. Тоа може да биде нешто што не може секој да го прифати кај себе и затоа модификува.
Ако ги погледнеме и двете страни во еден однос, тогаш треба да се земе во предвид и вашето однесување. Ако партнерот ќе каже некоја лага, тоа може да зависи и од вас. Како да сфатите и прифатите непријатната вистина? И дали ќе го направите тоа воопшто? И над се, каква реакција очекува од вас? Одговарајќи на овие прашања, можеби можете да сфатите зошто одлучи да ве лаже.
Leave a Reply