Никогаш не чекајте- Или е или не е

Никогаш не чекајте. Или е или не е. Тоа важи и за љубов, пријателство, помош, продавање, состанок. Работите се случуваат или за нив само се сонува. Сонувањето е прекрасно, но можеби никогаш неостварливо. Се’ за што сонувате, не постои.

Но, кога ќе тргнете да го остварувате својот сон, станувате конкретни, правите конкретни чекори, зборувате со јазикот на акцијата, поставувате прашања. Ако на прашањата не добивате одговори, бегајте. Нејасноста ве држи во темница.

Чекањето, кога нешто чекате, тоа е суптилна врста на манипулација. Оној кој ве сака доаѓа, оној кој помага, помага веднаш, оној кој поправа, поправа веднаш, се’ се одвива бргу и точно. Не ги замислувајте другите луѓе, гледајте што прават, бидејќи тоа е поблиску до вистината. Ако тропате на вратата која не се отвара, не престанувајте да тропате, но променете ја вратата.

Сања

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: