Помошта од Бог доаѓа на непознат начин

Еднаш еден човек дошол кај древниот мудрец во очајна ситуација. Му требало помош во решавање на неговиот случај, па го замоли мудрецот да се помоли и да предложи решение за неговата ситуација. Како може проблемот да се реши?

Мудриот филозоф ја изговорил молитвата и запишал десет можни начини за да добие помош човекот на парче хартија. ‘Можен е овој начин за добивање на посакуваното и неопходното. Или постои таква можност, таков метод’…Десет точки напишал мудрецот. А потоа ја напишал единаесетата точка. Ставил само број ’11’ но ништо не додаде.

И човекот беше изненаден. Можеби резервите на филозофот се исцрпени? Можеби не може да смисли ништо друго? Тој секако, напиша толку корисни и можни работи. Но, зошто само ја додаде точката единаесет? Ова беше чудно и мистериозно.

Мудрецот го поттикна човекот да се моли со него. А потоа мирно рече: ‘Гледај, помошта одозгора доаѓа на непознати начини. Можеш да размислуваш колку да сакаш и да правиш логички конструкции. Но кога човечката сила ќе се исцрпи, единаесетиот пат останува. Тој секогаш останува. И не е можно тоа однапред да се предвиди. Сетете се на единаесетиот пат. И не губете надеж!

Секогаш треба да се сетиме на единаесетиот метод. Останува кога сите други се исцрпени. Но, овој метод се појавува кога ќе се исцрпат сите други методи. Затоа не треба да се губи надеж и да се каже: ‘Ова е ќорсокак! Се’ е бескорисно, нема излез! Сите методи се исцрпени, сите средства се готови, помош нема!

Мора да ја запомниме подршката одозгора. И дека човечкиот ум, дури и најмоќниот, сепак не може да ги предвиди сите можни опции за спас. Мора да го запомниме единесетиот метод кој останува.

Ана Кирјанова

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: