Најтешко е да се живее со искрена жена: затоа што врската со жена со чисто и отворено срце е најголем предизвик. Многу мажи тврдат дека искреноста е она што сакаат во односот и ги обвинуваат жените за манипулација и неискреност.
Но, кога навистина ќе се сретнат со искрена личност многу брзо ќе видат дека искреноста не е она што тие го замислувале и најчесто за нив е непријатна. Искрените жени имаат незгодна навика да бидат искрени во се’. Таа не се двоуми да ви ја каже вистината. Тоа најдобро го прави. Можеби ќе биде смешна, болна, непријатна, крајно неповолна за неа или многу предизвикувачка за вас, но таа ќе ја каже таква каква што е.
Ако не сте навикнале на отвореност и непосредност, ќе се збуните а многу веројатно и ќе се навредите, но тоа е ваш проблем- таа и за тоа ќе ви каже.
Таа поставува незгодни прашања. Можеби нејзините прашања се премногу длабоки или многу лични, бараат размислување, посебно ако се осетливи работи кои ги потиснувате или отвораат болни теми, кои вие ги одбегнувате. Со незгодни прашања и тешки одговори, таа е потполно на свој терен а вие- на лизгав.
Таа ги руши вашите ѕидови. Искрената жена знае дека сигурно имате задршка, одбранбени механизми и емотивни ѕидови кои може да ги сруши само таа. Таа ги преминива вашите граници и прецизно ги наоѓа слабите места во вашите ѕидови. Со неа сте постојано надвор од вашата зона на комфор и малку се плашите што следно ќе се случи, но во едно можете да бидете сигурни- што и да прашате, ќе добиете чесен одговор.
Таа отворено зборува за своите чувства. Нејзиниот отворен пристап за вас е премногу агресивен, па кога одбрамбено ќе се поставите во однос на нејзините барања (што бара во врската и што и’ смета) ќе се најдете потполно збунети и разоружани пред нејзината ранливост, која исто така не ја крие. Таа е отворена по прашање на сите чувства а нивниот спектар е широк, длабок и комплексен- може и да ви се сврти во главата. Како некој може да ги упива сите тие чувства одеднаш?
Таа не игра емотивни игри. Верува во вистинска љубов и помалку од тоа не ја интересира. Ако сте навикнати на емотивни игри, на прикриени значења и потреба нечии зборови и однесување да ги тумачите и разоткривате, ќе бидете затекнати.
Кај неа се’ е отворено и подобро да и верувате кога ви вели дека е нешто така како што е, отколку залудно да трагате за скриеното значење и да се прашувате што сакаше со тоа да каже и постигне.
Можеби вам ви е непријатно што некој така ви ги кажува своите желби и очекувања, можеби барате жената да биде таинствена и да ви овозможи да ја разоткриете и дека љубовта треба да биде романтична и опојна, но тогаш силно ќе се намачите со искрената жена.
Таа е романтична и нежна, но истовремено и практична и не трпи глупости. И многу подобро од вас знае што е љубов. Обидете се да научите нешто од неа. Таа нема да ви ја засладува вистината за да ја проголтате полесно.
И еве ја нејзината најголема а можеби и неподнослива мана- неа не ја интересира како да го негува и одржува вашето его. Таму каде што некоја жена ќе ве гушка, мотивира, ќе ја замаглува вистината на сите начини, по заобиколен пат да стигне до целта( која вие не ја гледате), искрената жена, ќе ве погоди со вистина, како со шамар.
Таа може да ви ја зашеќери горчливата таблета, го знае и може тоа. Тоа што е директна, право во вашата горделивост, всушност ви покажува почитување и доверба- тоа не е безобразлук и желба да ве повреди, туки свест за тоа дека сте способни и должни да имате точни информации.
Таа ви го дава најдоброто од себе- својата искреност и отвореност а вие бидете увредени ако не сте доволно големи за тоа.
by Рита
Leave a Reply