Душо, кога го следиш своето срце- не го заборавај мозокот

Срцето сака она што сака, реченица која често ја повторуваме во својот живот, дозволувајќи си некоја прошетка помеѓу разумот и лудоста. Нема да ми штети, само ако уште еднаш почувствувам она што срцето сака, ако само уште еднаш дозволам зборовите да се рашират лесно и необврзано од устата, додека телото го чувствува копнежот и гладот по него. Нема да ме убие, ако уште еднаш ги пробам тие усни и раце, да ме гушне со сета своја снага. Бидејќи во тие прегратки сум само жена.

И така ќе поминат денови, месеци и години. А ти и понатаму го слушаш она исто лудо срце, на кое доста не му е никогаш. Колку ножеви доби во грб, додека веруваше во нивните емоции? Колку пати ти го скршиле срцето на парчиња, те наведоа да веруваш дека никогаш повеќе нема да бидеш единствена?

Знаеш ли, повторно научи да сакаш, научи да ги собереш сите свои парчиња, да ги составиш повторно во еден дел и да чекориш храбро понатаму. Меѓутоа, по патот на искрената емоција до омразата, заборави на мозокот.

Пушти да те понесат чувствата, бидејќи стана зависна од нив. Некоја врста на зависност е тоа, да се доживее таков ветар во грб, адреналин. Кога сите денови се исполнети со копнеж, слатко исчекување, надеж.

Но, другата страна оди вака некако. Остануваш повторно сама, прашувајќи се зошто не реагираше на знаците на патот. Додека копнееш по внимание и игра, додека повторно се чувствуваш женствено, всушност се затвораше се’ повеќе. Се вљуби повторно во играч, оној кој е тука за времето побргу да летне и не планира да остане. Се напика таму каде што не смееше, додека на очите имаше розеви наочари, се пикна под кожа и таму остана.

И колку пати уште, пред да кажеш доста? Колку кршења душата може да поднесе, а колку лузни срцето? Дали е вредно за тоа, кога вистински чувствуваш дека пукаш по шавови за погрешна личност? Бидејќи оној кој те заслужува, нема да бара поради него да се жртвуваш, да страдаш.

Не, тој нема да те крши на парчиња и да ужива во фактот дека е надмоќен, додека ти си само играчка во неговите раце. Тој, ќе дојде заедно со тебе и одново ќе ги спои сите твои загубени и расфрлени парчиња.

Ќе ти покаже дека без него не си цела. Ќе те потсети дека ваква каква што си, си добра и вредна за љубов. Дури преку него ти ќе научиш што значи да припаѓаш и да останеш своја. И тогаш, сите оние минати ноќи ќе исчезнат во сеќавањата, ќе се изгаснат како свеќи. Нема повеќе да веруваш на нивните зборови кои така се расфрлаат од устата, ниту пак кожата ќе гори под нивните допири како порано.

Ќе станеш тврдина, неосвоива, цврста и горделива. Додека не дојде оној кој е вреден да премине преку мостот за да дојде блиску до срцето. Оној, чии зборови се мелем за душа, а неговите дела ќе будат радост во тебе. Бидејќи после сите падови, ќе знаеш да го препознаеш по исклучителните очи, добра душа која ја носи како најубав костум, искрена насмевка и чесни намери…

И не се грижи душо, таквите се ретки но сепак постојат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: