Жените не сакаат совршени партнери, сакаат маж кој ќе се потруди да биде најдобра своја верзија

Нешто недостасува во нашите односи. Поголемиот број мажи не се во сосотојба да стигнат до жените, ниту пак жените потполно им се отвораат на мажите. Тие не се отвораат бидејќи мажите не даваат она што им е потребно. Жените се чувствуваат разочарано и не го помнат злото- тие всушност страдаат.

Кога жените страдаат и кога се чувствуваат незабележително, тие се затвораат кон своите мажи. За среќа, можете да научите како да допрете до својата жена. Можете да и’ дадете на својата партнерка она што и’ треба, дозволувајќи и’ да се чувствува забележано и тогаш повторно ќе ви се отвори. Кога ќе научите на кој начин можете да направите вашата партнерка потполно да ви се отвори, така ќе биде и за цел свој живот.

Што им е потребно на жените? Жените не сакаат совршени партнери; сакаат маж кој ќе се потруди да биде најдобра своја верзија. Таа не мора нужно да сака некој кој го има цел свој живот испланиран, но сака некој кој има цели во животот.

Сака некој кој има храброст да плаче пред неа кога му е тоа потребно. Таа сака некој кој има храброст да се соочи со своите емоционални демони.

1. Жената сака да се чувствува сакано. Кога жената се чувствува сакано, тогаш е опуштена и отворена. Кавгите исчезнуваат, нежност има во изобилство, а нивнтата топла женска енергија протекува низ нашите животи. Чувството на несакање е извор на секоја расправија во врската.

2. Сака да се чувствува сигурно. Постои војна која ја водат жените со својата самопочит, сексуалност и сигурност, уште од најрана возраст. Жената мора да имаат сигурен простор во кој ќе чувствува дека може да им верува на своите партнери. Таа сака да му верува на вашата сила. Таа сака да почувствува дека можете да се носите со се’ што таа ќе ви покаже. Кога ќе создадете сигурен простор за својата жена, таа ќе ви се отвори емоционално, а вие ќе и’ дадете многу важен дар- ќе и’ дозволите да расте во вашиот однос и да ја поништите сета стара емоционална штета.

3. Сака да се чувствува забележано. Жената сака да почувствува дека ја слушате и дека сте свесни за нејзината емоционалана состојба. Таа не сака нужно да ве погоди таа нејзина состојба, но сака да бидете сведок на тоа. Животот може да биде многу осамен, дури и во односите. Мора постојано да му покажувате на партнерот дека постои барем една личност која ќе биде нејзин сведок и поддршка на патот низ животот.

4. Сака да се грижи за вас. Токму како што машката енергија има потреба да штити, женската енергија има желба да негува. Жените сакаат да видат пукнатинка во нашиот оклоп. Тие сакаат да видат дека имаме доволно доверба во нив за да им се отвориме. Тие сакаат да бидат во можност да ни помогнат кроз нашите таги.

5. Сака да чувствува дека може да смета на вас. Животот понекогаш е хаотичен. Кога ќе се појават животни неизбежни потешкотии, дали ќе се распаднете под притисок или сте во можност да се прилагодите? Жените сакаат да знаат дали се носиме со се’ што носи животот. Сакаат да знаат дека нема да побегнеме и да се скриеме кога ќе станат ‘премногу емотивни’ за нашиот вкус. Тие сакаат да знаат дека можат да сметаат на нас.

Сака да ја цените. Женската енергија во сите луѓе пред се’ реагира на пофалба и благодарност. Потсетете ја својата партнерка дека ја сакате. Кажете и’ дека ја цените, она што таа носи во вашиот живот. Покажете и’ колку и’ значите.

Најбрзиот начин да го расипите својот однос е игнорирање на својата партнерка и да ја земате здраво за готово. Благодарност е спротивност на тие работи.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: