Најлошата карактерна особина е лицемерие

Обидот да промените лицемерен човек, исто е како да бришете на прашина по дома: залудна работа! Ако го забележите тоа во некој однос, ‘нив’ никогаш не ги напаѓајте и не влегувајте во нивните приказни. Лошиот човек кој се преправа дека е добар, најлош е од сите.

На местото каде што владее лагата, скриена под крилата на лицемерието, искреноста никогаш нема разбирање. Во таков свет искрениот разговор се смета за злочин и мора да бидете исклучително храбри за да им го фрлите оклопот, да им го отворите срцето, да ја кажат вистината.

Но, од лагите постои уште една полоша, помрачна и подмукла димензија- лицемерие. Димензијата во која личноста го крие правото Јас, преставувајќи им се на другите како високо морална личност.

Лицемерито е инфилтрирано во нашето општество, добивајќи статус на нешто сосем нормално. Но, она што е интересно е дека поголемиот број на луѓе имаат чувствителен сензор за лицемерие. Обидот да се промени неискрена личноста која ниту кон себе не е искрена е тешка работа.

Постојат различни врсти лицемерие. Постојат луѓе кои демонстрираат спектакуларни манири само за да ги скријат своите негативни морални начела: расизам, сексизам, предрасуди. Но, најчеста врста на лицемерие е човечката желба да биде прифатен и добива признание. Оние луѓе кои постојано користат лицемерие, ја загразуваат всушност својата самопочит.

Обидот да го смените лицемерниот човек, исто е како бришење прашина: залудна работа. За да се одбраните од нив, одберете само една адекватна причина и заштита. Лицемерот секогаш ќе се обидува да ве саботира, оценувајќи ве и ставајќи етикета на вас. За да не заборавите кои сте навистина, секогаш трудете се да го задржите внатрешниот дијалог сами со себе. Запомнете ја својата вредност и големина. Вашиот живот ниту на кој начин не зависи за зборовите или постапките на лицемерите. Мислете на нив како на лош знак, кои порано или подоцна едноставно ќе испарат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: