Убава, паметна, омажена- а сепак несреќна?

Што го предизвикува овој феномен? Ова е повеќе портрет на млади и зрели дами, бидејќи живеат по погрешни стандарди. Се’ повеќе има ‘остварени осамени девојки’. Тие сонуваат да пронајдат женска среќа дури и кога изгледа дека имаат и повеќе од доволно за тоа.

Опсесијата со среќа на многу луѓе, а најмногу на жените, навистина е загрижувачка. Сите брзаат да бидат среќни, се обидуваат да се форсираат, а не сфаќаат дека така само ја одбиваат од себе.

Се обидуваат да го уништат секое чувство на несреќа и незадоволство во себе, а не сфаќаат дека е и тоа дел од нормалното функционирање на човекот. Среќата е токму како и тагата, дел од човекот. Среќата не е рамна линија која не смее да се прекинува. Сосем е тоа во ред да бидеш изнервиран, тажен, расплакан, незадоволен, разочаран. Сосем е во ред да знаеш дека постојат подобри и поуспешни од тебе, и тоа да биде Ок со тебе.

Не ја исклучувајте тагата и солзите од својот живот. Тоа е ослободување на човекот од негативноста. Погрешно е да се живее животот трагајќи по среќата така што ќе бидете поубави од сите други, попаметни, побогати.

Натпреварот со другите само ќе предизвика премногу стрес во вас и ќе донесе и други поголеми проблеми. Трчајќи по раскошен живот за да се добие воодушевување. Има толку многу луѓе кои имаат услови да живеат совршен живот, но сепак тоа не го гледаат и не го ценат.

Колку и да мислите дека немате, мора да бидете свесни дека имате нешто со кое можете да бидете горди. Секогаш може да биде и полошо и подобро. Ако сте повеќе задоволни со она што имате ќе бидете поубави, попаметни и посреќни самите со себе. Неблагодарноста води во пропаст, благодарноста ве води до најголемата радост.

Некои ќе прашат, како да бидеме задоволни кога здравјето не не’ служи? Одговорот е едноставен, борете се за своето здравје, бидете си сам свој пријател и бидете благодарен. Никој нема вечен рок на траење и секој може да биде минато – утре.

Затоа е важно да уживате во секој момент од животот. Некои ќе прашаат, како да бидеме задоволни кога имаме лош партнер покрај себе? Така што ќе го поправите односот или ќе си заминете. Сосем едноставно. Се’ што правите, правете за свое добро. Се’ што не ви одговара, заобиколете го. Ги имате сите услови да бидете среќни, ако сте доволно силни да бидете благодарни на она што имате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: