Не се омаловажувај, сакај се себеси и не им верувај на злите мисли

Во ред е на човек да му дадеш шанса, две, три, пет…Секој одлучува за себе и сам ја крои судбината своја. Но, кога ќе видите дека тој некој, на кој сте му дале толку многу шанси, како и понатаму прави исто, ве повредува вас на ист начин, а тоа ве боли…Тргнете се!

Тргнете се поради себе, бидејќи себеси треба да си станете важни. Одземете им ја моќта, која така долго им ја дававте. Кажете Стоп и свртете се во својот смер.

Во тишина одлучете дека сами на себе сте си многу важни. Изберете љубов кон себе и одете во мир. На почеток ќе боли, бидејќи силно ве ‘газеле’. Тешко им е на некои луѓе да видат, она што вистински е.

Понекогаш слушаме многу приказни и наивно веруваме, даваме безброј шанси и така во недоглед. Застанете и запрашајте се себе си: ‘Дали јас ова го заслужувам?’.

Не секако, дека не заслужувате некој да ве гази, манипулира со зборови и своите дела. Но, вие одлучувате, не тие. Затоа, оставете ги во нивните игри, а кога ќе забележат дека играта е еднострана, ќе прекинат. Нема повеќе да им бидете интересни. Знаете зошто?

Бидејќи не ги храните повеќе. Конечно се одбравте себе си и ништо тука не е себично. Што и да ви зборуваат, пуштете и отпуштете. Сакајте се и засакајте се, со секој ден одново.

Навистина е прекрасно да се засакаш себе си, затоа внимавај, драг човеку, на секоја нова шанса која ја даваш, таа е тука, тебе да те научи да си ги отвориш очите и да набљудуваш.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: