Кога луѓето се инспирирани за упивање на ново знаење, а при тоа се нудат решенија за нивните проблеми, често осознаваат и други аспекти на својот животот.
Затоа овој пат, ви нудиме алгоритам- како да ги пронајдете одговорите во вас самите, како да се поддржите себеси, во ситуации во кои губите доверба во добрата иднина или не знаете каде да одите. Ви предлагаме, да обрнете внимание на два многу едноставни аксиоми. Запомнете ги овие два пристапи кон животот, бидејќи со нив можете да ја набљудувате било која животна ситуација.
Аксиом- значи, тоа е вистина, се прифаќа без докажување. Ние едноставно веруваме дека е така. Мудрите луѓе велат дека така функционира Универзумот.
Првиот аксиом: ако постои проблем, постојат ресурси за негово решавање.
Првиот аксиом вели, дека ако во животот постои проблем (не важно дали е тоа болест, тешка ситуација, некоја потешкотија) значи, дека сигурно имате ресурси да го решите. Размислете за тоа. Ако го прифатите тој факт, со прифаќањето на проблемот имате и негово решение и ќе сочувате многу енергија, која оди на сомнеж.
Што е проблем? Тоа е препрека на патот кон среќата. Што е препрека? Тоа е ситуација, енергија или мисла, која го задржува протокот на вашата животна сила. А каде постои препрека, доаѓа до застој. Во телото се формира болест или голема непријатност во организмот.
Тоа е ваша енергија, која не течи глатко и спокојно, таму каде што треба по ваш избор, туку се запира со препреки. И уште полошо, енергијата може поради таа препрека да стане мочуриште, ако остане на тој пат. А истата таа енергија е гориво, која ќе ги придвижи турбините на вашиот живот, за внимателно и правилно да го искористите тој тек, односно, за да го разберете тој проблем.
Значи, Бог не ни дава предизвици, кои не сме во состојба да ги решиме. Ако имате прашање, тогаш имате одговор на тоа. Конкретно, во вас е одговорот.
Значи, со овој пристап кон животот- јас го барам одговорот, како да делувам, знаејќи, дека тој навистина постои, ќе направи голема разлика, од обичниот однос што го имаме кон своите проблеми, кога најчесто се сомневаме: Дали некогаш ќе се реши ова, дали можеме некогаш ова да го промениме.
Ова е работа на избор. Ако сте одлучиле тоа да го промените, значи дека ќе го промените. Порано или подоцна, на еден или друг начин, вие ќе ја имате енергијата, тоа да го промените. Ова е првиот аксиом.
Втор аксиом: На што ќе го насочиме вниманието, тоа зајакнува.
Кога сакаме да се ослободиме од проблемите, ние на нив многу мислиме. Го анализираме проблемот, гледаме на својата непријатна состојба… и така ја насочуваме енергијата на проблемот. Значи, кога имате проблем, направете друго.
Откога го увидовте проблемот, обидете се да се фокусирате на можноста да живеете без него, какви би биле вие, ако тој проблем го немате, како се гледате себе си, ако тоа прашање, таа тешкотоја во односите со блиските не би постоела… Размислувајте што посакувате, а не тоа од што сакате да излезете.
Поинаку формулирајте го проблемот, во позитивна смисла:’ Сакам да постигнам во мојот живот’…..
Ако го разгледувате проблемот како- што сакам да имам, а не оној кој ви прави да се чувствувате непријатно, ќе видите дека имате рзлични начини за излегување од тешката ситуација
Еве пример: ‘И покрај тоа што одамна го прифатив своето тело, такво какво што е и за мене престана да биде проблем, мојот изглед и понатаму во мене, го буди стравот дека нема да му се допадне, на оној кој мене ми се допаѓа. Што да се прави со тој страв?
Или ситуација кога бараме работа. На пример, сакате да најдете добра работа, со која ќе бидете задоволни, каде ќе можете да ги покажете, своите таленти и да имате добра плата. Но, вие се плашите дека нема да добиете таква работа, ќе бидете нервозни и вашите професионални квалитети- вашите таленти, вашите способности- нема да бидат во потполност истакнати со вашето однесување. И работодавачот едноставно нема да знае, кој сте вие професионално.
Многу често луѓето мислат дека привлекувањето на сексуални партнери или романтични односи е засновано на нешто надворешно: ми се допаѓа или не.
Не, драги мои. Секој пар кој има било каква иднина се привлекува без оглед на надворешноста. Тие се привлекуваат, благодарение на надворешни слични вибрации. Тоа е како две ноти, кои звучат хармонично.
Затоа, ако имате страв дека ќе го пропуштите својот човек, пред вас е потполно поинаква задача: не да се борите со страв, туку максимално да се прифатите себе си и да се чувствувате во своето тело, такви какви што сте, со љубов кон себе.
А тогаш е невозможно, да се пропушти човек кој со вас е сроден. Ако се грижите, дека можеби нема да му се допаднете, се сомневате, дали сте добри или не, во тој момент можете и да не бидете свои. Тогаш просто вас ќе ве нема во таа форма.
Да се вратиме на аксиомите на почетокот. Ако го промениме прашањето од ‘Како да се ослободиме од стравот, дали ќе му се допаднам на човекот кој го сакам’ во ‘Што да направам за да тој ме спознае мене, да ме открие?
Одговорот сам се наметнува: Да се биде свој. Ние често мешаме две работи: од една страна – како да се ослободиме од препреките а од друга страна- како да се достигне таа состојба, која ќе не’ доведе до победа.
Ние не треба да се ослободиме од препреките, туку да се движиме кон таа состојба, цел. Вниманието не треба да го насочиме на проблемот,туку на состојбата која сакаме да се развие, да ја постигнеме.
Ви посакувам да верувате во тоа.
извор: econet.ru
Leave a Reply