Можеби немате среќа во љубовта, а можеби само бирате погрешни луѓе. Често се чини дека го даваме своето срце на оние кои едноставно ќе го скршат на парчиња. Ни зборуваат каква треба да биде љубовта, а тоа не е љубов, која ние ја наоѓаме, таа никогаш не одговара на тие описи.
Силата е во тоа да продолжите да живеете, дури и ако боли. Научете да станете и да продолжите понатаму. Научете да ги соберете деловите на своето срце и повторно да се отворите на некој.
– ‘Ќе сретнеш некој кога ќе мислиш дека е тешко да се сака и кој сам ќе одлучи да тe врати во живот со својата љубов’ – Aleks Eli
– ‘Не е секогаш срцето скршено, понекогаш тоа му се случува и на разумот’- R.H. Sin
– ‘Запомни, понекогаш нема да го добиеш она што го сакаш, бидејќи ќе биде тоа неверојатно среќна околност’ – Dalaj Lama
– Истуширај се. Изми го денот од себе. Напи се чаша вода. Спушти ги ролетните. Легни и затвори ги очите. Слушни ја тишината. Слушни го своето срце. Тоа и понатаму чука. Се бори. На крајот на краиштата- успеа. Направи го тоа- уште еден ден. И ти можеш повеќе. Со тебе е се’ во ред. Charlotte Ericsson
– ‘Нашите тешкотии имаат вечна цел’ – Donald El Hallstrom
– ‘Твоето минато е како вреќа со камења: Остави ја и оди далеку. Доволно беше собирање на навредливи зборови, спомени и грешки. Собирај надеж. -Brajant MakGill
– ‘Играј со скршено срце, изгради замок од скршени соништа и носи ги и своите солзи како драгоцен бисер. Со гордост. Силно. Непоколебливо. -Anita Krizzan
– ‘Tреба да се продолжи да се крши своето срце, додека не се отвори’ – Rumi
– ‘Убиј го во себе тој дел кој бара ангели на местата каде постојат само демони’- Erin Van Vuren
– ‘Жената која го отвора своето срце да те сака, кога е веќе скршено- посилна е од било кој, кој си го сретнал’ – Stiven Benson
Leave a Reply