Од време на време имаме чувство дека даваме многу, но за возврат не добиваме ништо. Чувството е исто кога сте многу тажни, а не добивате никаково ‘олеснување’, а потоа почнувате да помислувате дека светот ни на кој начин не ја заслужува вашата добродушност.
Кога сте исцрпени од постојано давање, а ништо не добивате за возврат, може да се случи дури да одбиете нечија помош кога таа навистина ќе стигне. Бидејќи нема да ја препознаете. Недостаток на взаемност така ја поддржува спиралата на разочарување и болка.
Најдобро што можете да направите во тој случај е да излезете од околностите во кои се наоѓате и да се одвоите од сите самонаметнати обврски. Оваа спирала на негативни чувства е токсична за вас и го уништува вашето здравје.
Ако постојано се чувствувате исцрпено, тажно и разочарано и чувствувате дека она што го давате или правите за другата личност е неподнослив терет, тогаш нешто не е во ред. Постојат луѓе кои буквално можат да не’ крадат. Нашето време, нашата енергија и нашата добра волја.
Се случува личноста да не е свесна зошто е важно да се чувствува ценето и да ја разјасни оваа работа со друга личност, која буквално ‘краде’. Но, најчесто крадецот е свесен дека ја трга темата од дневен ред, бидејќи сака да задржи оваа поволна ситуација, поволна за него.
Штом ќе се посомневате, мора да го ставите на тест и веднаш да престанете да ги задоволувате неговите потреби и да внимавате ситуацијата да не се развива понатаму. Себичното однесување не може да се види ‘на километар’, само треба да се гледа во вистински смер.
Едноставно не вреди да се дава ништо на оној кој дава минимум за вас. Да се дава, а не да се добива ништо за возврат, не ви прави добро. Не можеме да размислуваме за другите, а да заборавиме на себе. Единствена благодарност без која не можеме да живееме е нашата сопствена, бидејќи е таа темел на љубовта кон себе и кон личниот раст.
Давајте многу, давајте малку, но секогаш дајте нешто. Ако му помагаме на некој, му нудиме многу важен дел од себе. Тоа ни покажува како да се цениме себе, поради што е толку важно да се грижиме во овај дел од нашиот живот.
Секако, никогаш не треба да даваме ‘дел од нас’ на личноста која не’ искористува. Не само што се чувствуваме глупо, туку тоа ќе биде опасно за нашата самодоверба и добробит. Меѓутоа, не можеме да им бидеме доволно благодарни на оние кои ни помогнаа во најлошите времиња. Тие луѓе се како ангели чувари кои се појавија кога не ги очекувавме. Зошто секогаш треба да им угодиме на луѓето кои беа до нас низ тешките времиња со добри зборови, дели и мисли? Бидејќи тоа однесување не’ враќа на вредноста на доброто и взаемноста.
Покажување благодарност, а пред се’ чувство на благодарност доведува до почитување и љубов. На тој начин ја подобруваме самодовербата и емоционалната благосостојба. Било да сте во добри или лоши денови – оваа благодарност ни дава добро чувство и им дава на нашите крила нов залет, да продолжуваме да даваме со радост и со радост да прифаќаме она што добиваме.
Leave a Reply