‘Верувам дека се се случува со причина, дури и ако не сме доволно мудри тоа да го видиме..Кога нема борба, нема ни сила’.- Опра Винфри.
Познатиот грчки филозоф Аристотел, верувал дека се се случува со причина, секогаш. И дека секое искуство во животот е осмислено за да ве обликува и претвори во конечна и најдобра верзија на вас самите, која не можете ни да замислите дека е можна.
1. Во време на борба.
Секое негативно искуство, секој пат кога морате со нешто или некој да се борите, може да се набљудува како прилика за голем раст. Како гасеница која мора да излезе од својата чаура. Кога сето нејзино обликување и менување е завршено, нејзината метаморфоза ја претвора во прекрасна пеперутка. Пеперутката ја отфрла својата поранешна кожа и лета на крилата на новиот живот и новиот начин на постоење.
2. Во време на оздравување.
Некои личности тешко можат да поверуваат дека се’ се случува со причина, посебно кога доживуваат болка или губиток. Во тоа време, може тешко да се види благословот во трагичните случувања, бидејќи се’ што се случува е болка. Но, од најтешките искуства во животот, стекнуваме мудрост и дозволуваме да се роди нова сила. Без загуба, нема да бидеме благодарни за добивката, без тага нема да бидеме благодарни за љубовта. Без смрт нема да го почитуваме животот и без страв нема да знаеме да ја почитуваме љубовта.
3. Во време на среќа.
Кога ќе стигнеме до одредена точка во животот по сите борби, конечно сме способни да ја видиме мудроста зад потсвесните избори кои ги направивме.
4. Во време на хаос.
Вистинскиот хаос, не може да биде хаос, ако постои можност на избор. Работите кои се појавуваат можат да изгледаат како случајни, но како што веќе знаеме, изгледот знае да лаже.
‘За оној кој не знае да чита, буквите на страницата изгледаат како случајно да се избрани, додека во стварноста тие се смислено и прецизно предадени’.- Дипак Чопра
Смислената случајност и синхроницитетите можат да се набљудуваат како случајни настани без поврзаност, но во очите на набљудувачот, тие настани ќе имаат цел и смисла.
5. Во време на рефлексија
Ги гледаме делчињата кои почнуваат да се сложуваат, секој открива на изглед невидлива прекрасна слика. Болката, превирањата, борбата и победите, се важен градежен материјал за обликување на она што сме денес во овој сегашен момент.
Недовршен производ, секогаш расте, учи и доживува. И со рефлексија, со анализа на нашите искуства, го гледаме тоа.
‘Точките не можеме да ги споиме, гледајќи кон напред, можеме да ги споиме само гледајќи наназад. Значи, морате да верувате дека тие точки на некој начин ќе се поврзат во вашата иднина. Морате да верувате во нешто- интуиција, судбина, живот, карма, било што. Ваков пристап никогаш не ме изневерил и ја направи сета разлика во мојот живот’ -Стив Џобс.
извор: Atma
Leave a Reply