Зборот карма е од санскритско потекло и означува акција. Таа е еквивалент на законот на Њутон кој вели: ‘секоја акција мора да има реакција’. Кога мислиме, зборуваме или делиме, ние иницираме сила, која има соодветна реакција. Оваа повратна сила може да биде модифицирана, променета или спречена, но повеќето луѓе не е во состојба да ја неутрализира.
Тој закон на причина и последица не е некое казнување, туку постои за учење и развој. Личноста не може да побегне од последиците на своите дела, но ќе им подлегне дури тогаш, кога условите за неговото страдање потполно созреат.
Игнорирањето на овој закон не носи никаква корист. За да престанете да се плашите и да почнете да го разбирете светот на кармата и реинкарнацијата, потребно е да ги познавате и одредените кармички правила.
Големиот закон – ‘Како си посеал, така ќе жнееш’. Ова е исто така познато и како закон на ‘причина и последица’. Тоа значи што и да испратиме во Универзумот, тоа ќе ни се врати. Ако сакаме мир, љубов и пријателство…Тогаш треба да бидеме среќни, мирољубиви, во љубов и добар пријател.
Закон за креација- Животот не се случува сам од себе, тој бара наше учество. Ние сме едно со Универзумот, одвнатре и однадвор. Што и да не опкружува, ни зборува за внатрешната состојба. Бидете свои, опкружете се со она што сакате да биде присутно во вашиот живот.
Закон на скромност- Она што одбивате да прифатите, ќе истрае. Ако е она што гледате непријател, или некој со особини кои ги сметате за негативни, тогаш вие самите не сте фокусирани на повисоко ниво на постоење.
Закон на развој – Каде и да одиш, таму си ти. За да растеме во Духот, ние сме тие кои мораме да се промениме, а не луѓето, опкружувањето и околностите околу нас. Се’ што имаме во својот живот сме ние самите и само над себе, треба да оствариме контрола. Кога ќе се промениме одвнатре, тогаш нашето срце и цел живот ја пратат таа промена.
Закон на одговорност- Кога ќе се појави нешто лошо во мојот живот, тогаш постои нешто лошо и во мене самиот. Ние сме одраз на она што е околу нас и она што е околу нас, е одраз на нас самите. Тоа е универзална вистина. Мораме да станеме одговорни за својот живот.
Закон за поврзување- Дури и кога ни се чини, дека она што работиме е безвредно, многу е важно тоа да го направиме како треба бидејќи се’ во Универзумот е поврзано. Секој чекор води кон следниот. Мора прво да се почне се нешто, за да на крајот се направи цела работа. И првиот и последниот чекор имаат иста важност, бидејќи и двата се потребни за да се заврши задачата. Минатото- сегашноста -иднината, се’ е поврзано.
Закон за фокус- Не може да се размислува за две работи истовремено. Кога нашиот фокус е на духовните вредности, тогаш нема да имаме ниски пориви, како алчност или бес.
Закон за давање- Ако верувате дека нешто е вистина, тогаш повремено во животот, ќе бидете повикани да ја демонстрирате таа одредена вистина. Во тие моменти, она што го сметаме дека го научивме, покажуваме во пракса.
Закон сега и овде- Ако премногу гледаме во минатото, пропуштаме да бидеме сега и овде. Старите мисли, старите шаблони на однесување, стари соништа…Не’ спречуваат да имаме нови.
Закон за промена- Историјата се повторува се’ додека не научиме лекции кои ни се потребни за да го смениме својот пар.
Закон за трпение и награда- Секоја награда бара почетен труд. Наградите кои имаат трајно дејство, бараат трпение и постојан труд. Вистинската радост се создава кога работиме она што треба да правиме и пуштаме наградата сама да дојде во свое време.
Извор: Bliss Returned and Raven Emrys
Leave a Reply