Што и да се случи, не очајувај. Секогаш вредиш и заслужуваш најдобро

Го знаеш својот пат подобро од другите. Имаш возвишени водачи кои те насочуваат и кои се грижат за тебе. Не му зборувај на никој за своите планови, желби и соништа. Биди во тишина. Биди во доверба дека имаш се’ што е потребно. Биди спокоен, се’ совршено се средува за тебе.

Не брзај се’ да биде сега и овде. Радувај се на моментот во кој си. Биди во мир и не влегувај во расправии кои ти ја нарушуваат остварената благосостојба.

Никој нема да те види онака како што ти самата се гледаш, дури ни таа слика која во себе ја носиш не е вистинска. Отпушти ја потребата да се покажеш во проекција која ја имаш изградено, кога тој некој гледа низ свои очи и светот го гледа подеднакво ‘точно’ како и ти.

Не го губи сопствениот баланс во силни објаснувања. Не ја црпи својата енергија на зборови, за да покажеш или докажеш на некој дека не си она што некој го гледа во тебе.

Работеше долго да бидеш таму каде што си. Помина низ многу одрекувања во животот поради посветеноста која ја избра.

Никој и ништо не е вредно за таа твоја внатрешна благосостојба. Ослободи се од формата како нешто ‘треба’ да биде и биди без страв.

Слободата и подршката ќе ја добиеш од Бог. Таа е безусловна и на твојата таква чистота, ти носи луѓе со слични вибрации. Откажи се од потребата секогаш да си во право и да се убедуваш со другите.

На кого му е гајле?

Зар е вредно да го губиш она најсветлото во себе, поради некоја расправа, поради потврдување дека си ти всушност друга личност?

Имаш право на свои чувства и тие за тебе се највалиден показател каде треба да бидеш и по кој пат треба да одиш. Другите нека мислат што сакаат. Имаш право да кажеш НЕ, на калапот кој ти се наметнува, кој ти треба да го исполниш.

Имаш право на бес, на збогум, на заборав, на слобода дека нешто ти годи и бранејќи го она Божественото во себе, да се поштедиш себеси од добронамерните луѓе.

Никакво добро дело не правиш, ако ја трошиш својата енергија, ако ја даваш на оние кои со тоа се хранат. Никој тебе не те смени, затоа ни ти со своите постапки немој никого да менувааш. Пушти ги другите, грижи се за себе.

Дури ни тоа не можеш, без Бог кој те чува, кој те води и те насочува. Ништо не е вредно за тоа да ги докажуваш своите внатрешни состојби на некој кој од старт погрешно те разбира.

Кажи благодарам! Благодарам за експлозивните ситуации во кои нешто поголемо од тебе те спасува и понатаму да паѓаш во својот емотивен амбис.

Кажи благодарам што се случи СЕГА, а не некогаш во иднината, кога потполно ќе се издигнеш, обидувајќи се да бидеш или докажеш нешто што не си.

Кажи благодарам, што е се’ јасно како ден и ако не знаеш како понатаму сам, барај помош! Физички тргни се од изворот на страдање, опкружи се со енергија која ќе те подигне, помоли се за разрешување на ситуацијата, предај ги своите емоции на Универзумот и побарај го Бог да најде место во твојот ум.

Помоли се да бидеш јак и емотивно дисциплиниран да се тргнеш од она што те повредило, за се’ она што моментално те прави напнат. Животот е чуден и ти носи искушенија точно таму каде што порано си страдал.

Не наседнувај повторно, по кој знае кој пат на ‘помошта’ која ти се нуди, која е со сосем друга енергија. Ти не си некој друг. Некој друг не е тука. Животот те ослободува од драма и страдање во која си учествувал и помогни си себе си во тоа. Хармонијата е можна, иако твоите стари делови секогаш паѓаат на возбудата, која стресот и расправата ја носат.

Прости. Прости си себеси и на другите за сите непријатности кои ги предизвикавте и продолжи понатаму. Не си ускратувај љубов, само затоа што себе си се вовлече во одамна позната ситуација на хаос и немир.

Ти и понатаму вредиш. И понатаму заслужуваш најдобро. И понатаму си сакано суштество на универзумот, на кое мирот е природна состојба. Што и да се случи, ти отпушти се’ што те држи во калта на сопственото постоење и тргни нагоре каде што припаѓаш.

Си дозволил себеси заборав и тоа е ок. Сега стани и заблагодари се на научената лекција. Во мир со себе и во единство со Бог, блаженството нека биде тука.

Извор: PozitivnaPsihologija.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: