И воопшто, жената нема да го разочара мажот, нема да го изневери, освен ако тој самиот не и го расипе срцето и не ја нагази, или пак исплаши и оттурне со својата малодушност, со својот егоизам, со својата тесноградост, со својата погана и бедна нарав.
Затоа љуби! Нека се почувствува, не само како твоја женка, туку како твоја најмила душа, како твое дете, како пријател; носи ја во пазуви, да и биде топло, и тогаш можеш да бидеш спокоен, и тогаш со секоја година се посилно ќе се припива кон тебе, се додека не сраснете како сијамски близнаци.
Не си и го дал ли тоа, ја расипеш ли, ја исплашиш ли со својата мизерност – ќе си отиде! Ќе си отиде штом некои поблагородни раце ќе се испружат кон неа, оти мора да си отиде, оти нејзе и треба таа топлина, тоа признание, како воздухот за да дише.
Хенрих Сјенкјевич “Без догма”
Leave a Reply