Разведените мажи сакаат поинаку?

Кога зборуваме за разведени мажи, преставниците на понежниот пол на нив гледаат поинаку. Едни сметаат дека никако не треба да се поврзат со таков маж, додека други сметаат дека се тие вредни за внимание. Мажот кој се развел и го напуштил семејството за некои е контраверзен лик. Од друга страна постојат жени кои се на мислење дека тие мажи го заслужуваат нивно внимание и се добра прилика за нова љубов.

Подобро кажано овде жената сама го носи изборот, ако се најде во таква ситуација. Ако жената се одлучи на однос со разведен маж, таа ќе биде подготвена повторно да го натера да се вљуби и верува во љубов. Ова се некои од фразите кои сигурно ќе им годат на разведените мажи:

Жените во овој случај, ќе нагласат дека е тој ефикасен човек и таков е тешко да се најде. Човекот веќе има искуство со семејниот живот, ќе биде задоволен што млада дама ги забележува неговите заслуги и труд. Него тоа ќе го убеди дека е ‘тој некој’ на кој можете да се потпрете.

Ќе го потсети колку е всушност храбар. За да се напушти семејството и се’ она што се градело со години со друга жена, треба храброст. Треба да се има храброст за таква одлука. Жената која ќе започне врска со разведен маж, ќе нагласи дека зад него има многу тежок период и дека ја има нејзината подршка.

Го подржува неговиот избор. Животот кој го водел порано јасно покажува дека не му одговарал. Имал две опции или да остане или да направи промена. Тој направил избор, ја искажал својата желба и не ја изгубил својата индивидуалност.

Цени го неговото искуство. Оженетиот маж има искуство од претходните врски. Тој веќе знае на кој начин да се однесува кон жената.

Сите овие зборови ќе ги задоволат секој разведен маж. Можеби сте вие единствените кои гледаат така на работите, му давате топлина која му е потребна. Одлуката дали ќе го прифатите е исклучиво ваша.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading