Да се биде сама, не е страшно, не е лошо, не е ниtu бесмислено. Да се биде сама, тоа не е осаменост…само ако одлучиш така. Да бидеш сама е подобро отколку да се согласиш на повремени состаноци, после кои ќе се мразиш уште повеќе самата себе.
Да се биде сама, тоа е време да се разбереш себеси… а тоа време е многу важно. Луѓето се плашат од осаменоста иако нема никаква причина за тоа, бидејќи се’ зависи од тебе- дали осаменоста ќе биде добра или лоша.
Биди сама, додека не го најдеш оној, кој не наоѓа бескрајни изговори, туку навистина сака да помине време со тебе и кој ќе те поддржува во она што го сакаш. Биди сама, додека не го најдеш оној, кој не може да ја дочека средбата со тебе, но, не затоа што сака да те контролира, туку оној на кој не е потребно да му докажуваш колку си вредна за љубов и кој не треба да те убедува дека да те сака.
Тој, чие внимание треба да го бараш, не е вреден за твоето време. Ако на некој му се допаѓаш, тоа ти го знаеш, на свој начин. Во спротивно, време е да го пуштиш и целосно да се посветиш себеси.
Биди сама, додека не го најдеш оној на кој му недостасуваш кога не си во близина, а не оној кој заборава на тебе и ќе се сети само кога ќе се напие или кога му е досадно.
Биди сама, додека не го најдеш оној кој го интересира како се чувствуваш. А не да бара да му простиш, бидејќи секогаш му простуваш. Биди сама, додека не најдеш некој кој не исчезнува без предупредување и не те тера да нагаѓаш што се случува.
Биди сама, додека не го најдеш оној кој се гордее со тебе, кој те инспирира, кој сака да бидеш подобра и сака да ти помогне во тоа. Биди сама, додека не најдеш некој кој ги намалува сите твои комплекси и ја зголемува твојата самодоверба. Биди сама, додека не најдеш некој кој ќе те стави на прво место, бидејќи немаш време да бидеш ничија резерва.
Биди сама додека не најдеш некој кој ќе се бори за тебе и за вас.
Толку многу луѓе се согласуваат на повремени односи со погрешни луѓе- не биди една од нив. Љубовта- Е и затоа не треба да се согласуваш на помалку, од она што заслужуваш.
by Рита
Leave a Reply