Да се научи како да останеш смирен што и да се случува околу тебе- е едно од најголемите животни вештини. Да се остане смирен и покрај тоа што твоите планови не се остваруваат и што другите го надминале тоа.
Да се остане смирен кога ќе почувствуваш дека во туѓите зборови не се вистината бидејќи единствен кој ќе трпи последици на својата лага се тие самите.
Да се остане смирен и кога ќе те критикуваат но и кога ќе ти дадат комплименти, бидејќи сфаќаш дека тука нема ништо повеќе од обични зборови.
Научи да останеш смирен што и да се случи околу тебе, дури и тогаш кога ќе победиш бидејќи си свесен дека тие победи нема вечно да траат и дека секое занесување и гордост не го зголемуваат, туку го скратуваат твојот мир.
Да се остане смирен и тогаш кога ти се восхитуваат, кога ти велат дека на нив можеш да се потпреш и кога се колнат во вашето пријателство, бидејќи си свесен дека во светот се гази зборот повеќе од било што друго.
Да се научи да се остане смирен и покрај навредите на другите, бидејќи сфаќаш дека не мораш да прифатиш се’ она што доаѓа од другиот, било да е добро, било да е лошо. Не мора да влезе во твојот внатрешен свет и може да помине и покрај тебе, како што ветерот проаѓа.
Да се биде смирен и покрај лузните кои ќе ги добиеш, бидејќи од нив ќе излезеш како посилна личност.
Биди мирен, постави граници за туѓите зборови насочени кон тебе и навредувачки односи, до каде си човек и до каде можеш да толерираш, а потоа направи рез и не дозволувај некој да те прави будала.
Научи да бидеш смирен бидејќи тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, бидејќи каков и да е- твој е.
Научи да бидеш смирен бидејќи тоа е знак дека си господар на својот живот, а не некој друг!
Leave a Reply