Постои еден знак, многу тажен дека од врската нема да биде ништо. Вие не сте сакани. Подобро ослободете се од илузиите.
Вие едноставно не сте пријател или предмет на љубов. Вие сте како кловн на повик. Ова е во најдобар случај. Те бараат кога им е лошо, кога некаде ги навредиле, некаде не ги поканиле, кога нема со кој да ја поминат вечерта? Дали се јавуваат кога им е потребна помош? Да ли топло разговараат со вас кога им е ладно? А кога им е топло- зборуваат ладно? Или едноставно забораваат на тебе?
Од врската нема да биде ништо. Нема тука никаква мистерија. Тоа не е љубов, не е пријателство, само ви е пријатно. Ако ви одговара, можете да комуницирате.
Но, подобро е засекогаш да ги заборавиш своите надежи и да не бараш причини за така чуден однос кон себе. Тие се очигледни- пријатно ви е. Кога ќе му биде ладно, повторно ќе те повика. А потоа ќе заборави на тебе. Најдоброто сценарио.
Ако вашта врска зависи од расположението на другата личност, било да е тоа близок роднина, љубовник, некој кој го сметате за пријател, вие сте кловн. Топлиш, забавуваш, одвлекуваш внимание, помагаш, лечиш- но нема ниту љубов, ниту пријателство. Има една утеха: ако те избркаат или те заборават, повторно ќе бидеш повикана кога ќе биде лошо. Дефинитивно ќе се јавиш. Без сенки на срам и каење што си отфлена и заборавена.
Добри стари кловнови, не се навредувајте. И секогаш одговарате на повик. Така ли е или не?
Leave a Reply