Колку мислиш уште да ги чекаш оние кои те залажуваат?

Ти зборуваат денес, утре, задутре, а всушност во себе мислат- никогаш. Но, човекот со добра душа верува, мисли дека сите луѓе се она што се претставуваат. Дури кога ќе истрпиш многу повреди, ќе видиш дека работите не се онакви какви што си мислеше дека се и дека луѓето не се такви какви што им се зборовите. А потоа ќе помислиш дека можеби, сепак, ќе го исполнат ветувањето и ќе те направат среќен кога најмалку се надеваш, а тој ден никако да дојде.

Почитувај се себеси така што ќе ги научиш лекциите од сето искуство бидејќи луѓето со своето однесување ти покажуваат колку им значиш во животот. Оние кои постојано одложуваат можеби уште не се доволно подготвени или можеби никогаш нема да бидат подготвени.

Луѓето можат некое време да го кријат својот карактер но со текот на времето ќе мора да донесат некои одлуки, да покажат кој им е важен. Не го подарувај срцето на некој, на кој срцето твое му служи како некој трофеј за докажување.

Отфрли ги оние кои секогаш за тебе имаат само слатки изјави, а однесувањето им зборува нешто друго. Сакаш секој пат да доживееш некое ново разочарување или учиш од искуство?

Еднаш кога ќе ги отвориш очите ќе сфатиш колку се големи разликите помеѓу луѓето и колку треба да бидеш мудар за нивниот јазик да не те заведе, колку треба да имаш на ум дека некој ситен знак на внимание не мора секогаш да значи израз на љубов, туку може да биде срество за купување.

Кога човекот е сакан, тој тоа ќе го почувствува, тоа не треба никој друг да му го каже.

Без оглед на тоа што сакаме во животот, треба добро да ги отвориме очи пред сите кои влегуваат во нашиот живот, бидејќи не се сите тука секогаш со намера со која се претставуваат дека се. Затвори го поглавјето од книгата на твојот живот каде што си секогаш нечија жртва и започни со пишување на нова приказна, приказна во која сам бираш улоги кои ќе ги играш и луѓе со кои ќе бидеш опкружен. Внимателно бирај ги оние вистинските.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: