Денес се’ повеќе жени почнуваат вистински да се почитуваат себе и се’ повеќе отвораме очи и ја согледуваме сопствената вредност. А што е тоа што жената која се почитува себе никогаш нема да го толерира?
Неодамна видов жена која навистина се почитува себе, една моја стара пријателка. Со неа се сретнавме во еден ресторан, таа го чекаше својот пријател на вечера, кој требаше да пристигне во 19 часот. Но, помина повеќе од половина час, пријателот го немаше на закажаниот состанок. Ми беше непријатно да ја гледам сама на масата, дискретно и’ пријдов и ја прашав, ако мисли дека е многу непријатно да седи сама, може да ни се придружи.
На почеток ме одби, но подоцна се согласи и дојде во наше друштво. Ја прашав дали можеби ќе биде океј да му се јави на пријателот и да праша што се случува со него, но таа со насмевка ми рече дека нема потреба. И конечно во 20 часот, господинот се појави. Таа само продолжи мирно да муабети со мене и мојот пријател, како никој да не чека. Нејзиниот пријател дојде до нашата маса со букет цвеќе и радосно ја поздрави.
Таа го турна букетот и само го праша за што ја смета неа и како си дозволува да доцни еден час, без било каква најава или предупредување. Иако помислив дека прегрубо реагираше, сепак и’ се восхитив на однесувањето. Малку има жени кои си се почитуваат себе и не толерираат другите така да се оденсуваат кон нив. Тој човек кој го чекаше, не се ни обиде да смисли изговори за доцнење.
Слушам многу мислења дека мажите мора да ги научите како да се однесуваат кон вас. По ова случување, мислам дека се во право. Дали толерирате вакво однесување на мажот?
Ова се некои работи кои ниту една жена нема да ги толерира:
-Однос 50:50. Тоа значи мажот да очекува секогаш вие да правите по половина: од она што тој го работи, толку мора и вие, колку тој ќе плати, толку и вие мора.
– Лаги околу тоа каде и со кој го поминува своето време
– Да ве исмејува, изгледот или вашиот успех
– Постојано позајмување на пари: од вас, од неговите родители, неговите пријатели и колеги
Секако, листата може да биде и многу подолга. Но, запомнете, жената која се почитува себе нема да дозволи на никој вака да се однесува кон неа.
Leave a Reply