Не не’ изневеруваат непријателите, туку оние кои ги пуштивме многу блиску до нас

Далечните луѓе не можат да ве изневерат, всушност оние кои се далеку од вашето срце и емоции, тоа можат само оние кои се блиски. Не не’ предаваат странци и непријатели, туку оние кои ги пуштивме многу блиску до нас. Не можете да го промените она што веќе се случило, тоа останува зад вас. Но, затоа можете да развиете адекватна тактика за себе со која ќе си помогнете да се сочувате и да се опоравите бргу после предавството.

  1. Прво запомнете дека никој не е имун на предавство. Секако да се биде внимателен може да ви помогне, но никако не може да ве заштити од предавство. Дури и најсаканата личност за која ви се чини дека никогаш не може да се сврти против вас всушност може да го промени својот став и приоритети.
  2. Не можете да влијаете на минатото, но можете мудро да носите одлуки од кои зависи вашата сегашност и иднина. Не се фаќајте за болката која некоја друга личност ви ја нанесе во минатото. Тоа се случи во минатотто и таму треба да остане. Вложете во својата сегашност и иднина.
  3. 3апомнете дека предавството кое ќе ви го приреди саканата личност само го покажува вистинското лице нејзино. Таа не е истата личност која ја сакавте. Таа ви нанесе голема болка. И таа личност еден ден ќе ја сфати својата грешка- дека ве изневери и ја направи големата грешка.
  4. Довербата никогаш не може да се врати во потполност. Ова не теба да ве повреди, само бидете свесни за тој факт. Кога еднаш ќе се случи предавство, дури и ако простите, не е можно партнерот да го гледате со исти очи. Довербата е навистина многу важна. Никој не ви брани на личноста да му дадете уште една шанса, но секогаш прво мислите на себе. Ако не се чувствувате дека можете да простите и да продолжите понатаму, нема потреба да се мачите и да работите против себе.
  5. Бидете внимателни кога давате шанса. Секогаш прво размислете на кој и зошто му давате уште една шанса. За жал, во многу животни ситуации добрите луѓе простуваат и лесно забораваат, а предавникот не се менува и продолжува да прави лошо. Ако постојано простувате предавство, вие сте во опасност.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: