Се’ изгледа кај мене однопаку. Стојам цврсто на земјата, а мислите ми се во облаци.
Вешто играм со зборови, а не верувам во нив. Дрдорка сум, а најмногу ги сакам моментите кога ќе останам без збор.
За сите сум потпорен ѕид, а мене всушност најмногу ми треба потпора. Се смеам кога очите ми се тажни. Одам понатаму. И кога мислам дека немам сила за тоа.
Го следам својот пат иако ми велат дека патот е тежок. Ако…полесниот пат им го оставам на ‘слабите’ луѓе.
Јас својот пат вака компликуван сама го избрав.
by Рита
Leave a Reply