Кога во срцето ви е тешко, а душата е уморна…

Што е осаменост? Нејзината моќ може да земе толку енергија од човекот, што многумина не можат да ја поднесат. Но, она што дефинираме како осаменост, во суштина е време на нашиот живот, кога сме во најголема можност, да се поврземе со најважната личност во нашиот живот- со себе.

Секогаш ни зборуваа дека не сме комплетни кога сме сами; дека секогаш треба некој да биде со нас, за да ја пополни празнината на срцето. Вистина е дека треба да се поврземе со другите луѓе. Но, за да бидеме во можност да се поврземе со луѓето, на независно ниво, треба да знаеме како да се поврземе сами со себе.

Во време на осаменост, во суштина сме препуштени на себе. Ова е време кога навистина ќе го откриете вистинското Јас и ќе се соочите со него. Не треба да се плашите да бидете осамени, сепак сте со себе- што значи дека не сте сами.

Често се обидуваме да ги користиме другите луѓе, за да побегнеме од себе. Но, бегањето од себе значи труење со работи кои длабоко ги потиснуваме. Вистина е дека ако не се соочите со себе прво, секогаш ќе се чувствувате осамено, и покрај сите луѓе, со кои се обидувате да се опкружите.

Еднаш кога ќе сфатите дека никогаш не сте сами, ќе разберете дека не ви требаат луѓе. Постои разлика помеѓу потребата да се биде со некој и да се ужива со некој, бидејќи сакате да бидете со таа личност. Вистината доаѓа кога ќе ја научиме вистинската вредност, гледајќи одвнатре и сакајќи се себе.

А ова единствено ќе го научите, ако се соочите со себе во време на осаменост. Јас бирам да искусам време на осаменост, до денот кога ќе бидем во можност да видам како работите одат одвнатре. Бидејќи ако не се прашувам како сум, секогаш ќе мислам дека некој друг ќе ме праша.

Луѓето не ви должат ништо, затоа без очекувања за работи, за кои сте вие најодговорни.

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: