Некои луѓе ќе ве почитуваат, се додека не си одите. Кога повеќе нема да им давате подршка, која ја сметаат како ваша обврска, кога повеќе нема да пишувате пријатни СМС пораки кои многу добро ги игнорираа, кога повеќе нема да ги пресретнувате со раширени раце, секој пат кога ќе чукнат на вашата врата на полноќ и кога повеќе нема да го чекате нивниот повик.
Некои луѓе не знаат колку силно ги сакате, додека не сфатат дека не постои друг, кој ќе ги сака така силно, ниту можат да најдат некој кој ќе ги сака онакви какви што се – единствени, кој ќе им овозможи тој некој, чувство ‘како дома’ – безбедно и заштитено од хаосот на сиот свет.
Некои луѓе ќе се обидат да го привлечат вашето внимание, дури кога ќе престанете да им се појавувате пред очи. Кога ќе престанете да им кажувате колку многу ги сакате, кога ќе престанете да им купувате ситници и кога ќе престанете да оставате се’ и брзате да им помогнете, кога им е потребно.
Некои луѓе ќе се обидат да ве освојат дури откога ќе ве изгубат. Кога ќе сфатат дека имате и други опции, кога ќе сфатат дека некој друг кон вас се однесува подобро од нив, кога ќе сфатат дека не сакате да бидете нивна опција, кога ќе сфатат колку се себични.
На некои луѓе ќе им недостасувате дури откога ќе ги заборавите. Кога ќе заборавите да им честитате роденден, кога ќе ја заборавите нивната омилена песна, нивните тајни, кога ќе ги отфрлите сите спомени. Кога ќе заборавите, какви чувства во вас предизвикале.
Некои луѓе ќе почнат да ве почитуваат, дури откога ќе си одите. Вашето жртвување поради нив, доцна ќе го сфатат, колку пати сте оделе против себе, сте попуштале, колку пати повторно и повторно сте простувале.
Заминувате, бидејќи ви е доста од се’, не го разбирате повеќе нивното мешање на вашето трпение и почитување со слабост.
Некои луѓе ќе ве сакаат дури откога ќе престанете да ги сакате. Кога повеќе нема да ви недостасува нивниот допир и звукот на нивниот глас. Кога ќе видат дека сте се промениле и повеќе не ги гледате како некогаш. Кога повеќе нема да мислите на нив пред спиење.
Кога конечно ќе бидат подготвени да ви го отворат своето срце, а вашето веќе го скршија на парчиња. Некои луѓе никогаш нема да добијат шанса, повторно да ги сакате, бидејќи вашето срце ќе биде на оној кој нема да ве изгуби, за да научи како да ве задржи.
Извор: econet.ru
Leave a Reply