Вие сакате некој да ве сака и кога тој некој ќе ве сака, вие се чувствувате добро. Но, не го знаете фактот, дека другите ве сакаат само затоа што тие сакаат и вие да ги сакате нив.
Тоа е исто, кога некој фрла мамец за риби: тоа не го прави за да ги нахрани рибите, тој го фрла мамецот, за да ги улови. Не сака да им даде храна на рибите, тој тоа го прави само затоа што сака да ги улови. Сите луѓе кои од околу ги гледате дека се во љубов, тие само фрлаат мамка да ја фатат љубовта.
Тие за момент ќе фрлат мамец, додека другата личност не почне да чувствува дека постои можност да добие љубов. Тогаш и таа ќе покаже љубов, додека и двајцата не сфатат дека се просјаци. Тие направија грешка: секој мислеше, дека онаа другата личност е цар.
Во некој момент и двајцата сфаќаат, дека не добија љубов од оној другиот и тогаш се создаваат непријателства. Поради тоа за брачниот живот се зборува дека е пекол, бидејќи сите вие сакате љубов, не знаете како да ја дадете. Тоа е основна причина на сите расправии.
Односот помеѓу маж и жена никогаш нема да биде хармоничен, без оглед какво усогласување ќе направите, без оглед каков брак ќе имате, без оглед какви правила ќе наметнува општеството, ако не го сфатите ова..
Љубовта може само да се дава, а не да се бара. Било што да примите е благослов, тоа не е награда за љубов. Љубовта се дава и се’ што примате е само благослов, тоа не е награда. Дури и ако ништо не примате, вие сте секогаш среќни што сте биле во можност да давате.
Ошо
Leave a Reply