“Верувам дека луѓето се поврзани во срцето и дека не е важно што правиш и кој си или пак каде живееш; не постојат ограничувања ниту граници кога на две личности им е судено да бидат заедно”.
Џулија Робертс е многу силна личност, со став, а за да дознаете повеќе за тоа како ја градела нејзината кариера, играјќи ја притоа улогата на мајка и сопруга во вистинскиот живот, еве неколку најдобри изјави кои покажуваат колку таа се познава себеси, и како со малку прифаќање, трпение и љубов кон себе може да се стигне далеку.
*Тајната на се’ е – сакај го она што го работиш.
*Жените не се центри за рехабилитација на лошо воспитани мажи. Не е твоја работа да го поправаш, менуваш, да му бидеш родител или да го воспитуваш. Ти сакаш партнер, а не проект.
*Кога сакаш некоја личност да биде среќна, дури и ако ти не си дел од нејзината среќа, тогаш тоа е љубов.
*Кога некој сака да си замине од тебе, пушти го да си оди. Твојата судбина никогаш не е поврзана со некој кој те остава, и тоа не значи дека таа е лоша. Тоа само значи дека улогата на таа личност во твојот живот завршила.
* Повеќе би сакала да имам 30 минути нешто преубаво, отколку цел живот нешто, што по ништо не е посебно.
*Подобра личност сум заради сите работи што ми се случиле, и добри и лоши.
*Би сакала повторно да бидам девојче, бидејќи полесно е да ги поправиш грдите колена, отколку скршеното срце.
* Мислам дека во основа сум иста, релативно едноставна личност каква отсекогаш сум била. Само ја имам оваа гламурозна професија (актерството) поради која луѓето мислат дека сум нешто посебно.
*Моја привилегија и чест е да готвам три оброци за моето семејство, и тоа е луксуз на такво ниво за кое не бев свесна бидејќи има денови кога тоа ми е тешка работа. Твојата гордост е твојата грижа за семејството.
*Животот е многу скапоцен. Ве молам, да се сакаме едни со други, да го живееме секој ден, да се прифатиме едни со други, да бидеме љубезни. Мир со вас. Бог е голем.
*Можеш да бидеш верен на ликот кој го толкуваш колку и да сакаш, но еднаш мора да си одиш дома и да бидеш сам со себе.
*Ако некого сакаш, кажи му го тоа , во тој момент, гласно. Инаку, тој момент едноставно ќе помине покрај тебе.
*Духовитоста е клуч до сечие срце, бидејќи, кој не сака да се смее?
*Во случај да заборавам да ти кажам подоцна, вечерва ми беше многу убаво.
Кога се’ на крајот ќе биде речено и направено, ако можам да дадам уште еден последен коментар, би сакала да кажам дека јас учествував во својот живот. Бев полноправен учесник.
Leave a Reply