Колку емоции сме потрошиле во нашите животи на луѓе кои не знаеле да ги почитуваат? Сме влегле во однос со насмевка на лицето, а од другата страна само ладен поглед.
Па, во прв момент помислувате дека ‘мразот’ кон вас е последица на умор, случајност или збир на околности. Кога вашата насмевка и убави зборови не помагаат, ќе сфатите дека пред вас, е ладна личност, на која не и’ е гајле што чувствувате, а уште помалку наклоноста, која кон неа ја покажувате.
По едно разочарување, влегувате во друг однос и работите, по некое време се повторуваат, се додека не ја сретнете личноста која го поминала истото, што и вие и која знае колку може да боли, игнорирање на чувствата и нивното потценување.
Но, не размислувајте и не планирајте, како на тие луѓе да им вратите, животот совршено ќе врати и ќе му плати, на секој по мерката на чувствата кои им ги дава на другите.
Научете да ги штедите своите чувства, не ги потиснувајте, но не ги давајте во бесконечност, на оние кои навикнале да ве повредуваат. Ако луѓето не ја ценат, вредноста на вашите чувства кон нив, тргнете се од нив, бидејќи тоа е знак дека не ја почитуваат ни вашата присутност, а тоа значи дека лесно можат да ве повредат.
Заобиколете ги тие луѓе и чувајте ги своите чувства, за оние кои ќе ви возвратат, за да можете да одговорите на нив. Научете, кон своите чувства да бидете одговорни, бидејќи она што носат во вашиот живот вредно е и важно.
Кога имате негативни чувства, ни целата сила на позитивното размислување, нема да ги уништат и не присилувајте се на неа, повлечете се во тишина и доволно долго чекајте, работите да се смират, а потоа донесете одлуки кои треба да ги донесете.
Кога ќе сфатите колку вашите чувства вредат, нема повеќе да ги трошите на луѓе, на кои тие ништо не им значат, туку со нив ќе уживате во убавината на животот.
Не е тоа поради никаква себичност, туку поради личниот мир.
by Рита
Leave a Reply