Слободна си, да го напуштиш градот, кој го гуши твоето светло и не ти дозволува уште повеќе да сјаеш. Слободна си, да ги спакуваш своите куфери и да тргнеш од почеток, некаде на друго место и слободна си, да ја редефинираш смислата на животот.
Слободна си да дадеш отказ на работа, дури и ако светот ти го каже спротивното и слободна си да бараш нешто, на што ќе се радуваш утре и секој ден. Слободнa си, да го оставиш оној кого го сакаш ако лошо се однесува кон тебе, слободна си, да се ставиш себе си на прво место и слободна си да си одиш кога се’ се обиде, а ништо не се промени.
Слободна си да ги напуштиш отровните пријатели, слободна си, да се опкружиш со љубов и луѓе кои те охрабруваат и го негуваат твоето пријателство. Слободна си да ја земеш енергијата која ти треба во животот.
Слободна си да си ги простиш себе си, сите мали и големи грешки и да почнеш да бидеш љубезна кон себе, да се гледаш во огледало и да се видиш себе си.
Ослободи се од своите очекувања. Понекогаш заминувањето го гледаме како лоша работа и ја поврзуваме со откажување, но некогаш заминувањето е најдобра работа, која можеш да ја направиш за себе. Заминувањето ти дозволува промена на смерот, повторен почеток и повторно откривање на самата себе и светот.
Заминувањето понекогаш ќе те спаси да останеш заглавена на погрешно место и со погрешни луѓе. Заминувањето ја отвора вратата за промена, раст, прилики и искупување. Секогаш имаш избор да си одиш, додека не најдеш каде припаѓаш и што те прави среќна. Слободна си да ја напуштиш старата себе и да се создадеш повторно.
извор: Zdravaisretna.hr
Leave a Reply