Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре

Размисли добро пред да започнеш расправија, со некој кој ‘накриво’ те погледнал, кажал некој непримерен збор, несакајќи те повредил.

Дали во секоја ситуација треба да ја покажеш својата надмоќ, по цена другиот да се понижи? Сакаш навистина да се поставиш во улога на судија кон друга личност, а и сам си свесен дека некогаш направи многу поголеми грешки, отколку таа личност на која сега и’ судиш?

Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Затоа размисли ако засекогаш одлучиш да прекинеш со некоја личност, само затоа што е повредена твојата гордост. Сакаш ли навистина во секоја битка да излезеш како победник, без оглед на цената во односите која треба да ја платиш? Дали навистина е најважно кој е паметен и јак, подобар, посилен, попривлечен, побогат?

Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Не му требаат тогаш убави зборови, му требаат додека е жив. Не треба тогаш да се зборува за неговите идеали и соништа, туку не му ги убивајте додека е жив. Не треба тогаш еден тон цвеќиња и пофални зборови, сега некој треба еден нежен поглед, допир, стисок на рака.

Ако не си дал тогаш, не треба ни подоцна да дадеш, глума е тоа и каење, што на крајот за таа личност е се’ исто. Побарај го него/ неа сега, развесели го/ја со својата присутност.

Не чекај момент кога за се’ ќе биде доцна. Ако можеби некој лошо ти направил, запиши го тоа во песок, а не во камен. По последната воздишка, сета твоја љубов која не си ја дал, а сега посакуваш, не може со ништо да се надомести, ниту да вратиш нешто, ниту да смениш. Затоа никогаш не заборавај: човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading