Понекогаш сте незадоволни со својот живот, а многу луѓе на овој свет, сонуваат да го живеат вашиот живот. Детето на фарма, го гледа авионот како лета над главата и сонува за летање. Но, пилотот во авионот ја гледа фармата на земјата и сонува за враќање дома.
Тоа е живот! Уживајте во својот. Ако богатството е тајната на среќата, богатите луѓе треба да танцуваат по улиците. Но, тоа го прават само сиромашните деца.
Ако моќта гарантира сигурност, влијателните и богати луѓе, треба да се движат без телохранители. Но, само оние кои живеат едноставно, цврсто спијат.
Ако убавината и славата носат идеални односи, славните личности треба да имаат најдобри бракови.
Живејте едноставно. Одете понизно и сакајте искрено! И се’ добро ќе ви се врати!!!
Бен Карсон
Leave a Reply