Ако сакаш да ме импресионираш, изненади ме со твојот човечки однос

Бидејќи долго време сум слободна жена, сега, комуницирам со мажи и во повеќе случаи, чувствувам досада. И тоа е дури фино чувство. Некогаш ми е, буквално лошо од тоа, како е се’ предвидливо и монотоно..

Дали тие навистина веруваат дека во моите 40 години, никогаш не сум слушнала за предлог- секс? Всушност, не знам како може да биде сигурен во таа привлечна понуда, кога потекнува од не баш привлечен маж?

Мило, разбираш ли, дека тоа е досадно? Кафе, ресторан..Јас знам каде води сето тоа, но барем направи да биде интересно. Од првиот момент покажи, дека сум важна. Да не ми биде толку досадно. И биди малку уникатен. Ако навистина сакаш да знаеш што ме возбудува, ќе ти кажам.

Ум. Ме слушаш: Ум.

Мили мој, во моите четириесет и нешто, малку НЕ ме загрижува дали имаш стомак и која големина е кај тебе…бицепсот. Многу повеќе ме загрижува за што ќе зборуваме, што си направил во животот, можам ли да те почитувам, па дури и да ти дозволам да ме фасцинираш.

Ако сакаш да се воодушевам од тебе, направи позитивно да се изненадам од твојот човечки однос. Разбирам дека твојот прв импулс е да ме посакуваш. Но, имаш мозок, вклучи го и него, па види во мене човек.

Покажи чувствителност и деликатност. Проживеав многу и знам многу. Можам да бидам извор. Извор на сила, инспирација и нежност. Извор на твојот раст и напредок. Па, така биди доволно паметен да го препознаеш изворот.

Во мојот живот пред тебе биле и некои други. Единствено што било во дефицит- тоа е љубов. Дури и ако се разбуди таа со тебе, за мене и понатаму ќе биде посебна, ќе биде невозможно да се навикнам.

Сите други предлози веќе ги слушнав.

Лилија А.

Leave a Reply

Up ↑

%d