Животот е еден, тебе ти е вреден. Бирај го своето друштво!

Луѓето доаѓаат и си одат. Некои ќе те направат среќен кога ќе дојдат, а има и такви, поради кои ќе бидеш среќен кога ќе си одат. Со едните го губиш поимот за време, а со другите го губиш времето.

Има луѓе, чии животи не беа лесни, но храбро се носат со своите проблеми, наоѓаат решенија. Ќе паднат, ќе станат, ама одат понатаму. Свесни, ориентирани во просторот и времето. Не се споредуваат со другите, туку само со себе.

Има и такви кои не посакуваш да ги прашаш како се, бидејќи веднаш почнуваат да се жалат, страшно- страшно, само нив им е тешко, што полошо тоа подобро, сите им се виновни, сакаат да се сожалуваш на нив.

Не ги интересира твоето мислење, но прашуваат. Тргнуваш од лично искуство и потоа, по првата реченица следи: ‘Лесно ти е тебе…тебе ти цветаат ружи’. Но, само ти знаеш колку ти беше лесно, а тие ни приближно не знаат, баш им е гајле..

Не ја троши својата позитивна енергија на негативни луѓе. Животот е еден, тебе ти е вреден. Бирај го своето друштво!

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: