На жената само љубов и’ треба. Ништо друго

Замислете колку би било убаво, кога за убавината на еден човек, се просудува според неговите внатрешни, а не надворешни квалитети.

Radhanath Swami, духовен учител, зборува за средба, која го сменила неговото мислење за убавината. Големи се изгледите, дека очите ќе ви се наполнат со солзи, додека ова го читате.

‘Еднаш одев сам во дивината на Хималаите и се најдов, меѓу голема група изгладнети бездомници. Некои беа голи, а другите во искинати алишта. Телата им беа изобличени од болест. Се туркаа меѓу себе, во очајнички обид да зграбат, што можат од мене. Откога видоа, дека немам што да дадем, се разотидоа. Тогаш пред патеката, здогледав една стара жена како лежи, која наместо нос имаше дупка од месо, кое скапуваше.

Кога моите очи се сретнаа со нејзините, нежно ми се насмевна. Забележав, дека го разбра шокот во кој бев, поради тоа, што нејзините луѓе ми направија. Во тој момент, кога ги разменивме погледите, таа без збор, ми пренесе нежна, сочувствителна љубов на мајка.

Нејзиниот поглед ме увери, дека не сака ништо од мене. Во нејзините очи имаше сожалување кон мене. Ја пушти раката да ме благослови. И’ пријдов и клекнав на земјата пред неа. Таа ја пушти дланката без прсти, на врвот на мојата глава и прошепоти: ‘Нека Бог те благослови, дете мое, биди благословен’.

Ја кренав главата и погледнав во нејзиното лице. Беше озарено со радост. Таа беше преубава. Ја почувствував нејзината радост, бидејќи направи една работа која секоја мајка, богата или сиромашна, здрава или болна, има право да направи- да го благослови детето.

Сиромашната, стара жена, ја мачеше болеста која и’ го уништуваше телото, но, таа имаше нешто длабоко во себе, убавина невидлива за окото. Убавината не е само надворшен изглед. Убавината е искреното срце кое сака, кое се грижи, кое ја чувствува болката на другите. Тоа ја право вистински убава, без оглед на тоа како изгледа однадвор.

Нејзиниот благослов, допре до сржта на моето срце. Потсетник, дека и покрај сите разлики кои не’ раздвојуваат- националност, религија, пол, раса, изглед, здравје или болест, лежи заеднички есенцијален квалитет, кои сите го делиме- способноста на душата да сака.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: