Прво со кое се соочуваме, кога се менуваме, е отпор. Тој има разни лица, но важно е да знаеме, дека е тоа отпор и да знаеме, што во нас се опира на промената.
Во нашиот ум постои кутија, која се вика Его. Егото е концепција, која постои, од нашите одговори, на прашањата за тоа кој сум јас, кој се другите и што е живот. Поголемиот број на одговори не е наша, бидејќи она што го нарекуваме его конструкција е создадена, некаде до завршувањето на седмата година и поради потребата, порано да се снајдеме, во непрегледноста на животот кој се отвора пред нас, прифаќаме одговори во кои веруваме, стекнавајќи впечаток за настаните кои ги водиме, доживувајќи ги луѓето околу себе интензивно, бидејќи од нивната љубов зависиме.
Тоа его е таа кутија, која има свои агли, создадени од оние уверувања кои ги прифативме како вистинити. И таа кутија, е она, во кое длабоко ги заронуваме своите раце, тогаш кога бараме одговор на животните појави.
И кога се менуваме, таа кутија се буни. Таа ни вели: Еј- па ти до сега така не Мислеше! Еј, па тоа до сега не беше вистина. Еј, не си сигурна таму! Тогаш е важно да знаеме, дека бескрајниот простор на создавање, е надвор од таа кутија, бидејќи кутијата го повторува истото, а надвор од кутијата се создава ново.
Ако сакаме промена, тогаш за неа треба да бидеме подготвени, да и’ кажеме, дека сме бескрајно повеќе од таа кутија, затоа што неа сами ја создадовме. Значи, сигурно можеме да создадеме и некоја друга- многу, многу поудобна.
Извор: novasvest
Leave a Reply