Магија
Таква беше таа. Скршена, но секогаш даваше се’ од себе за да ги направи луѓето
среќни. Многу добро знаеше да измами насмевка на сечие лице додека во себе се
распаѓаше. Даваше се’ од себе за да биде се’ во ред. Секогаш храбра, но толку
слаба. Знаеш, секогаш беше тука за да сослуша некој. Секогаш беше со волја да
даде добар и искрен совет. Но, само за нејзините проблеми немаше никакво
решение, ниту пак знаеше како некому да го каже сето она што ја мачи.
Срамежлива, но ќе направи се’ за да го прикрие тоа и ќе го пушти лудилото во неа
да блесне. Блеснува толку силно што ќе те заболат очите. Го засенува и секој зрак
од сонцето. Секоја ѕвезда којашто одсјајува на небото. А верувајте, би дала се’ да
може да се извика на сред улица. Само така би поминало. Својата тага знаеше да
ја закопа длабоко. Солзите ги заледуваше. Но, кога тоа сето во неа ќе се
ослободеше доцна во ноќта, настанува хаос. Хаос, којшто следното утро ќе биде
закрепнат со кармин и облека во која што изгледаше дека може да го има сето она
што ќе го посака. Ги тераше луѓето да мислат дека таа е најсилната личност. Се
трудеше да не ја откажат очите. Се плашеше дека некој ќе го почувствува
нејзиниот трепет. Се плашеше дека некој ќе го препознае емотивното мало
девојче кое таа толку силно го имаше заклучено во себе.
Магија.
Таа беше една магија која никого не го оставаше рамнодушен. Да ја имаш нејзе,
тоа е исто како да имаш ураган во животот. Ураган којшто никогаш не знаеш што
ќе ти донесе. Не сакаше да крши срца. Секогаш кога требаше да каже не, таа
кажуваше обратно. И за сето тоа беше свесна. Свесна дека ќе остане заробена со
својата бура внатре во себе. Бура којашто во неа го имаше разнесено секој орган.
Се прашуваше дали некогаш ќе заврши оваа глума. Дали некогаш ќе започне да
прави работи поради кои навистина ќе се чувствува задоволно. Но, таа најмногу
од се’ сакаше да биде сакана. Беше желна за љубов. Љубов каква што знае да
даде таа. Мислам дека секој би сакал да ја почувствува таа љубов. Љубов каква
што знаат да ти пружат малите деца. Невина и искрена. И ретко кој можеше да ја
разбере. Таа би умрела за малку вистинска љубов. За малку нежност. За секоја
фантазија да и стане реалност. Секоја желба што ја имаше потрошено на
ѕвездите некако магично да се исполни. Сакаше да биде среќна. Си велиш, па да..
Кој не сака да биде сакан? Кој не сака да биде среќен? Кој може да живее без
љубов? Само што таа тоа го прикриваше толку вешто, па никој не би ни помислил
дека нејзе и е потребна љубов. Знаеше дека сите ја гледаа како една беспрекорна
и прекрасна девојка. Знаеше дека никому не би му паднало на памет дека во неа
живее една огромна тага. Никој не сфаќаше дека таа би дала се’ за да биде
проѕирна. Да може секој да види како се чувствува. Да разбере што сака да каже и
без да дава никаков одговор. Иако многупати беше повредена, многупати
страдаше поради таа нејзина добрина, секогаш беше насмеана
А и секогаш гиправеше истите грешки. Слепо веруваше на луѓето кои ја изневерија. Луѓе кои не
се добри за неа. Но, што знае тоа нејзино чисто срце за грешка?
Стефи Лалкова
Leave a Reply