Никој не не’ научи на Љубов..само на омраза, борба и несреќа

Ние одиме во теретана, кога сакаме своето тело да го држиме во добра форма, но и енергијата на љубовта исто така бара тренинг. Почнете се’ повеќе и повеќе да ја освестувате љубовта. Вашето срце цврсто спие, треба да го разбудите.

Кога тоа ќе се разбуди, ќе бидете неверојатно среќни. Среќа- тоа е дело на љубовта, ништо друго не ве прави среќни, освен љубовта. Срцето речиси на секој цврсто му спие. Никогаш не не’ научија на љубов. Не’ научија на омраза, потоа не’ примораа да се бориме, да војуваме.

Не’ учеа дека цел свет е наш непријател и сите се подготвени да не’ фатат за гуша. Понекогаш во буквална смисла, понекогаш индиректно, по сето тоа условување, ние се наоѓаме во многу непријателски свет и мора да се бориме, ако сакаме да преживемее. Да се бориме со сите сретства, чесно и нечесно. Ако не се бориме, ќе изгубиме.

Најдобриот начин да се заштитите е напад. Ете во што е суштината на условување на умот. Поради тоа секако и љубовта е истисната од постоењето. Срцето продолжува да чука, како физички механизам, но тоа не е повеќе духовен двигател, не е тоа, за што е предодредено.

Срцето не е само физички механизам, туку и духовен двигател. Затоа, кога ќе почнете да пулсирате со љубов, дури тогаш навистина се живее, потполно се живее. Затоа, почнете повеќе да го освестувате тоа. Ако сте повеќе свесни, повеќе љубов ќе чувствувате.

Ошо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: