Meѓу најстарите записи на човештвото, во индиските Веди, кажано е дека “ти си она што мислиш”. Светата книга на Сиките (Шри Гуру Грант Сахиб) вели :” Каква е твојата свесност, таков е твојот пат”.
Во Библијата има многу места, кои кажуваат, дека со мислење и вера можете да ја менувате реалноста: ”Имајте Божја вера, бидејќи навистина ви велам, ако некој и’ рече на горава, стани и фрли се во морето, а да не се посомнева во срцето свое, туку да поверува, дека ќе биде онака како што зборува, за него ќе биде, што и да каже”. (Евангелије по Марко 11: 23 )
А како и зошто Универзумот (Милоста, Небото, Бог, Реалноста) ни помага во исполнување на желбите и соништата? Па затоа што, во суштината на нашето Битие – ние сме Универзумот.
Според Ведите, ние сме вечниот ситен дел од вечната и сезнајна Апсолутна вистина (Бог) и Креацијата, гледајќи квалитативно, ние сме едно со нив, иако сме духовни индивидуи и квантитативно мали во споредба со Бог. (атма )“Божјото царство е внатре во вас.” (Евангелије по Лука, 17: 21 )
Затоа ако Бог не го најдете во себе, на друго место нема да го најдете. Тоа е убаво претставено во концептот Браман- Атман, каде што светот е Браман, а неговиот отсјај во нас е Атман. Стварноста е океан, а ние сме бранот кој секогаш (и кога се создава и додека трае и кога исчезнува) е дел од тој океан, го знаеле тоа или не, сакале или не.
А кога сме веќе кај бранот, енергијата на мисловниот бран,- брановата должина ( фреквенција)- е начинот на кој сме врзани со се’ што постои. Стварноста е мрежа од енергија со различна фреквенција (Никола Тесла: ”Материјата е замрзната енергија” ), а ние сме нејзин суштински дел, бидејќи Свеста е основа на Универзумот.
Сфаќањето, дека Универзумот ни ги исполнува желбите, е навлезено во приказните и во митовите. Сите се сеќаваме на Аладиновата ламба и на Духот кој вели:” Господару, кажи ја твојата желба”, или на митот за кралот Мида.
Во Индија отсекогаш ги учат децата, дека ангели постојано летаат на небото и ги исполнуваат нашите желби и затоа мораме, да внимаваме што мислиме и што сакаме, за да не ни се исполни нешто лошо ( ние на запад би рекле” Мисли позитивно” и ќе поверуваме, дека тоа ние го измисливме.)
Стварноста и нема некоја, однапред програмирана содржина, туку ние ја исполнуваме, со своите мисли и желби, а дека мора да внимаваме што посакуваме, на тоа не’ учи и митот за кралот Мида, кој што посакал се’ што ќе допре, да се претвори во злато, па за малку ќе умрел од глад и жед, бидејќи целата храна и вода што ќе ја допирал се претворала во злато.
Првенствено би сакал да ви кажам, дека не е потребна никаква посебна техника, за да се постигне успех и да се остварат соништата. Всушност, доволно е да се препуштите на Текот да ви го одбира патот и начинот. (‘Нека биде волјата Твоја’ ).
Свртувањето кон себе, враќањето во центарот на Битието, барањето на внатрешен мир, застанување во сегашниот миг ( со медитација, молитва, игра, песна, творештво), просветлување, спасение- се само различни зборови и имиња, за патот кој води кон Блаженство.
Состојба во која директно гледаме со Битието, без посредство на умот, состојба во која, како гледачи во театарска претстава го набљудуваме надворешниот свет и себе си, кога имаме мисли и емоции, но тие повеќе немаат сила, туку остануваат како празна лушпа; постоење во кое реагираме ама се’ гледаме себе си во реакцијата како сведоци (повеќе не се поистоветуваме со неа)…
Тоа Блаженство ви носи среќа, во која се’ си доаѓа на свое место. (снегот паѓа и секоја снегулка легнува точно на своето место). Ако на умот му се чини, дека нешто е неповолно, сведокот во вас знае, дека умот не разбира, што е добро, а што не – и така тој тивок набљудувач, знае дека се’ е совршено… Егото е само замка. Овај пристап е и најлесен и најтежок. Најлесен е бидејќи не треба ништо да правите. Гледано од духовно ниво, вие сте веќе просветлени, блажени и среќни. Повеќе не ви се потребни никакви учења, книги, ритуали, посебни постапки, вера и завети.
Не е потребно ништо да додавате, треба само да одземате. Треба само да допуштите да се случи, со потполна доверба да му се препуштите на тоа што веќе Е. Таткото небесен знае, што вам ви треба и пред вие да се помолите.
Истовремено, тој пат е и најтешкиот, нашето его, нашата илузија за нас- личноста ( грчки : persona, prosopon значи маска, како и во словенските јазици : личност, личина, маска )- ни шепоти дека ништо од тоа не е точно, дека сето тоа се глупости ( веројатно на многу од вас, токму во овој момент, им го сугерира тоа ) и да се држите до “здравиот разум”. Тука е замката !
Егото знае, умот знае, дека просветлувањето е негова смрт. “Мора да умреме за да живееме” ( Коринтјаните 1, 15: 36)- егото мора да умре за да може ние – душата (најпосле) да живееме.
Меѓутоа егото тоа не го дозволува, бара гаранција. На северот на Индија, знаете, ги фаќаат птиците, така што врзуваат јаже помеѓу две дрва, а на средината подврзуваат едно стапче, кое слободно се врти. Кога птицата ќе слета на тоа стапче, бидејќи нема потпора, стапчето се мрднува и птицата се плаши мислејќи дека ќе падне, па силно во грч се фаќа за стапчето и виси наопаку. После неколку часа, ловецот мирно си доаѓа, си ја фаќа птицата и ја става во кафез. Птицата треба само да го пушти стапчето, за кое се држи. Кратко време ќе паѓа, а потоа повторно ќе летне. Наместо тоа, таа заврши во кафезот.
Така и ние се држиме за егото и наместо слобода (вечен живот ), се наоѓаме во кафез. Потребно е само да се пуштиме.
Еден од моите први пациенти, во антистрес терапијата, а инаку невропсихијатар, ми рече дека секогаш сонува, како се држи за некое јаже, кое пак, не се држи за ништо. Пушти, пушти го – ова е решението кое го вежбавме.
Како илустрација на своите ученици по јога, им измислив “небесна менувачница”, која постојано не’ повикува да ја замениме таа фалсификувана банкнота (егото ), за вистинска банкнота ( душата- Битието), меѓутоа ние не дозволуваме…
Ем го засакавме нашиот фалсификат, ем не веруваме дека вистинска банкнота постои. Ете, тоа е патот во “Царството небеско на земјата”.
Јоги ФАБИЈАН
извор: lovesensa.rs
Leave a Reply