Што ако вашиот живот ја губи смислата?

Anita Moorjani, е жена која сведочи за чудесно излекување, од рак на лимфните жлезди и преживувајќи клиничка смрт, чудесна е и нејзината трансформација, сознанието кое ќе го смени нејзинот начин на живот, кое е вредно за учење. Не пропушта, ниту еден ден, со луѓето да не го подели своето искуство. Прочитајте една многу интересна колумна од неа:

Ние многу често размислуваме како ‘времето поминува’, но во моето искуство блиску до смртта се покажа дека времето, напросто E, а ние се движиме низ него. Тоа не значи дека различни точки во времето постојат истовремено, туку и во тој друг свет, можеме да одиме побргу, споро или дури наназад или настрана.

Во физичкото постоење, меѓутоа, нашите чувствени органи ограничуваат. Нашите очи упиваат, само она што ќе видат во еден момент; нашите уши слушаат на сличен начин. Умот може да постои само во моментот, а потоа ги обединува поединечните моменти и формира линеарна прогресија. Но, кога ќе се ‘излиеме’ од своето тело, преминуваме преку времето и просторот со свесност – не со вид, слух, допир, вкус и мирис. Ние во тој момент сме чиста свесност.

Но, по моето искуство, блиску до смртта се чувствувам поинаку. Иако знам, дека свесноста ќе продолжи да живее и по ова ниво, не се плашам повеќе од физичка смрт, изгубив желба, да бидам било каде на друго место, освен на местото на кое сум сега. Интересно, станав приземјена, фокусирана на фактот дека совршенството на животот, се манифестира во овој момент, наместо тоа да го очекувам во друг свет.

Тоа е првенствено, затоа што концептот на реинкарнација, во својата контраверзна форма, која подразбира прогресија на животите, кои се нижат еден по друг, не е подржан со моето искуство блиску до смртта.

Забележав дека времето се движи на линеарен начин, само тогаш кога користиме филтер, направен од нашето физичко тело и ум. Еднаш, кога повеќе не сме ограничени со нашите земски чувства, сите моменти постојат истовремено. Заклучив дека концептот на реинкарнација е всушност само интерпретација, начин на кој нашиот интелект, може да ја разбере егзистенцијата, која се одвива во ова време.

Поради тоа верувам дека кога некој ќе доживее преглед, на она што порано се интерпретирало како ‘ минат живот’, тој всушност остварува контакт со паралелни или симултани егзистенции, бидејќи целокупното време постои одеднаш.

И затоа што сме сите поврзани, можно е да се доживеат состојби на свеста, во кои прегледите на туѓите стварности продираат во нашиот сегашен момент, влегувајќи во нашето поле на свеста, како да се сеќаваат.

Поради моите нови перспективи, почнав да се прашувам за нашиот фокус за смислата на животот, во случај ако реинкарнацијата и самото време, не постојат на начин, во кое многумина веруваат. Што ако, сите наши цели, се погрешен пат, од онај што го бараме? Што ако рајот и нирваната се овде, во ова физичкото постоење, а не некаде таму?

Кога другите на било кој начин ве навредуваат, сфатете дека нивните постапки се директни проекции на нивната сопствена состојба на болка и изгубеност. Исто така, ако го отворате срцето за милост кон нив во нивната болка ( што во никој случај не значи одобрување на нивното однесување) тоа е корисно за вас.

Кога чувствувате дека другите ви го отежнуваат животот, замислете каков увид или вештина ви се потребни, за да можете на најдобар можен начин да се изборите со таа ситуација. Потоа ќе имате увид, дека тоа што ви е потребно е веќе тука некаде, во спротивно, Универзумот немаше да ве донесе во таква ситуација.

Јас го гледам тоа што се случува како прилика за напредок, а не како неподнослив терет, па побргу ќе ми дојде, она што ми е потребно. Знам дека сум доволно добра, таква каква сум и дека нема потреба да ја докажувам својата вредност.

Можам да останам прибрана и фокусирана кога некои други се обидуваат да ме испровоцираат и да предизвикаат некоја моја реакција (или кога се однесуваат на начин, кој некогаш кај мене ќе предизвика силна емоционална реакција).

Не ја одредувам сопствената вредност, врз основа на надворешни фактори, како што се изглед и достигнувања Помалку размислувам за тоа што заслужувам, а повеќе за тоа кој сум- чиста љубов и чиста свест.

Без оглед на тоа што луѓето мислат и зборуваат за другите, сите сме ние вредни за безусловна љубов, само затоа што сме тоа што сме и не мораме таа љубов со ништо да ја заслужиме- право на безусловна љубов ја стекнуваме со самото раѓање.

Во другото царство, секој од нас се истакнува како прекрасна, величенствена и моќна творевина. Универзална, посебна и уважена во секоја смисла. Без оглед на тоа, што ми зборуваа или правеа, ( па дури и да е вистина дека никој на светот не’ не сака) Универзумот секогаш ќе негува длабока, трајна љубов кон секој, кој е роден- всушност, сите сме поврзани, сите сме дел од целината.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading