Дали можат мажот и жената да бидат само пријатели?

Можат ли мажот и жената да бидат само пријатели? Дали интензивното дружење со личност од спротивниот пол е неверство или навистина нема ништо меѓу нив?

Се чини дека емотивното неверство, делење на тајни, соништа и стравови со друга личност, е исто така опасно за вашиот брак, како и старомоднато телесно неверство.

Мажите не се исти, а со нив и начините на кои изневеруваат. Сексот им е се помалку важен, поважна им е емотивната приврзаност. Жените, оваа новост не ги изненадува премногу, тие секогаш љубовта ја ставаат пред сексот или евентуално на исто ниво.

Сега се пријатели, додека некогаш беа само љубовници. Бројот на жените и мажите кои се вклучени во емотивните неверста е во постојан пораст, а тесно е поврзано со се поголемиот пораст и број на пропаднати бракови.

На модерните мажи, љубовта, подршката и разговорот им е еднакво потребен како и на жените, што значи, дека не размислуваат за секс и тој не им е ни приоритет.

Емотивното неверство и не е толку чудно, бидејќи многу од нас, поминуваат часови и часови на работа со своите колеги, многу повеќе отколку со своите сопружници, а тоа малку време кое го поминуваме со нив, најмногу се разговара за децата, сметките и конкретните проблеми.

На тој начин се наоѓаме во ситуација, со колегите и пријателите да имаме многу по интересни разговори за своите стравови, планови, надежи и чувства. И општо е врежано мислењето,  дека нема големи настани, на кои се гради и зајакнува бракот- родендени, годишнини, Нова година, Божиќ-  а бракот всушност се гради со секојдневна интимност.

Ако го отфрлите од својот однос со партнерот, интимниот разговор, ако морате да се поверувате на својот ‘пријател’ за проблемите и од пријател да барате совет во врска со партнерот, веќе сте направиле неверство. По некое време, ќе се прашувате како сте можеле да го изберете овој досаден човек покрај себе, а сами, свесно, сте исфрлиле се’ интересно од вашиот однос.

Со вашиот партнер се’ започна кога со воодушевување го чекавте телефонот да зазвони,  возбудени околу облекувањето за првиот состанок, ритуалите на запознавањто, интимниот разговор за своите желби, соништа. Зарем тоа исто не го прави личноста, за која вашиот партнер тврди дека се ‘само’ пријатели.

Вие сте во брак. Зошто на некој му е потребен некој нов, со кој ќе го поминува тоа истото? Како ќе се чувствувате ако вашиот претпоставен има интервју со нови кандидати за вашето работно место? Дали ќе помислите како планира да ви даде отказ или да најде друга замена?

И колку да се залажувате, кога вие или вашиот партнер сте во емотивна афера, не е важно како ја нарекувате таа личност, пријател или љубовник, правите неверство.

Ако вашиот сопруг или сопруга не можат да го разберат вашиот пријателски однос, тоа е веројатно поради тоа што ви недостасува комуникација и немате волја да ја објаснувате природата на вашиот однос.

А ако ја изгубите волјата за објаснување, а на вашиот ‘пријател’ се’ му кажувате, зарем не мислите, дека некаде дошло до промена на вредностите и улогите.

Не помислувајте, дека воопшто нема колегијални односи или пријателски со спротивниот пол, но емотивното неверство се случува и мораме да препознаваме тоа, бидејќи е еднаква на физичката, само е прашање колку сме подготвени да толерираме, а колку ќе замижиме.

извор: COVER magazin.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading