Што се’ може еден човек да биде во животот на една жена, а ти во нејзиниот беше само…убав. Додека ти немилосрдно ги кршеше нејзините соништа и желби, некој трпеливо ги собираше искршените парчиња, за повторно да ги нареди во целина.
Тогаш кога ти едвај и’ посветуваше минута или две од своето слободно време, тој измислуваше време само за неа. Кога ти ги занемаруваше нејзините крилја, тој за неа создаде целосно нов свет.
Тогаш кога за тебе 100 км беа пречка, за него 1300км беа само бројка, се’ додека таа е на крајот од патот. Сивилото кое ти го насади во нејзиниот живот, некој го обои во илјада бои.
И’ ја врати насмевката на лицето. Многу поубава од онаа која ти и ја украде. Додека таа веруваше дека најубавото место на светот е во твоите раце, тој ја научи дека тоа место е во нејзините.
Што се’ може да биде една жена во животот на еден маж…. а таа….таа во твојот беше само играчка,
Leave a Reply