Да му бидеш на некој битен, тоа е битно..

Постојат такви луѓе кои толку силно сакаат, толку силно чувствуваат и се даваат на другите до последна капка, што за нив ништо не останува.

Знам како е да се биде емоционално исцрпена. Ако се обидеш да им објасниш на другите, не успеваш. Како да најдеш збор за- ‘чувствувам се’ така длабоко, давам толку многу, што понекогаш останува само празнина?’

Тоа е, кога ќе се разбудиш многу уморна наутро, бидејќи не можеш да заспиеш, кога во 3 часот по полноќ те прекрива познатата осаменост, на која веќе навикна. А ти гледаш, како сите околу се чудат, како ти, тоа го правиш погрешно. Се чудат зошто не можеш помалку да чувствуваш.

Посакуваат, да престанеш да бидеш така чувствителна. Му завидуваш на луѓето, кои не се грижат за никој освен за себе, а ти не можеш дури ни да замислиш како е тоа.

Постојат такви луѓе, кои покажуваат непоколеблива сила кога им помагаат на другите, а не можат да сфатат, како да си помогнат себе си. Тоа се луѓе кои ги кријат своите солзи, другите да не знаат. Тоа се луѓе, кои се чувствуваат осамено во многу луѓе.

Знам дека што повеќе луѓе ти веруваат тебе, тоа ти помалку им веруваш на другите. Научи да се потпираш само на себе. Знам дека се умори, бидејќи е тешко да се трудиш. На секој му изгледа дека е тоа нормално за тебе, но тоа не е така.

Понекогаш мислиш дека со тебе нешто не е во ред, затоа што ти силно сакаш. Но, ти не знаеш поинаку. Луѓето се воодушевуваат, на твојата неустрашливост, љубов, грижа, но тие не гледаат како се уморни твоите очи, како е исцрпена твојата вера, како е огромна твојата осаменост.

Сакам да знаеш, дека ти не си како сите. Сакам да знаеш дека сум горда на твојата сила. Еден ден, сето тоа ќе се исплати и ти ќе го сретнеш тој, кој ќе те исполни тебе, како што ти ги исполнуваш другите.

Во меѓувреме, биди упорна. Продолжи да се држиш за тоа парче вера, која во тебе постои. Продолжи да бидеш своја и не менувај се. Во тебе постои нешто што многу ретко се среќава.

Биди своја и еднаш, сета твоја осаменост, ќе погледне оној кој ќе ги препознае твоите очи и ќе рече: ‘Конечно’!

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: