(Можеби) вистинската љубов се раѓа сама од себе, по месеци и месеци растење.
(Можеби) вистинската љубов никогаш не боли и наместо тоа ги милува сите отворени рани и успева во само еден момент да ги избрише сите бивши љубови и разочарувања.
(Можеби) вистинската љубов има моќ да ги тргне сите невидливи лузни и едноставно да направи, се’ во неа да е право и единствено.
(Можеби)вистинската љубов ја истура својата магија, дури тогаш кога ќе се ослободиме од сите внатрешни стравови и несвесно прекасани јазици.
(Можеби) вистинската љубов преминува и преку згазената гордост и преку непрежалениот инает и преку скршеното срце.
(Можеби) вистинската љубов вирее таму каде што не опстојува ништо друго.
(Можеби) во љубовта нема можеби. Ако има, тогаш љубов нема.
Ингрид Дивковиќ
Leave a Reply