Она што го привлекувате во животот, користејќи го законот на привлекување како вибрациски образец е последица на вас самите. Се привлекувате секогаш самите себе. Уште повеќе енергијата која ја пуштате.
Ако не сте задоволни со сопствената енергија, ќе треба да го смените правецот на животот. Сменете ги мислите и однесувањето. Променете ги навиките. Секогаш почнувате од местото каде сега се наоѓате. Тоа никогаш не е совршена позиција, стратешки позитивна за вас.
Но, ако чекате да дојдете на местото кое е попријатно и подобро од она каде што сте сега, никогаш нема ниту да тргнете на пат. Се’ што ви треба е да го направите првиот чекор и патувањето почнува.
Никој нема идеален живот. Животот во целина се состои од разни нијанси кои се прелеваат од светли или темни тонови од ден на ден, од момент во момент. Па што чекате? Убаво време? Повик од некој горе? Внатрешен глас кој ќе ви шепне дека сте најдобри на светот?
‘Ние сме секогаш подготвени да почнеме да живееме, но никако да почнеме’ – Ралф Емерсон
За да почне да делува законот за привлекување, мораме да го активираме. Законот постои и без тоа, но мора да обрнете внимание, за да може законот да делува на вас. Не можете да очекувате дека затворајќи ги очите ќе го пронајдете вистинскиот пат.
Свесното прифаќање на животот и одговорноста е почеток. И сами знаете, дека е попријатно да ги избегнувате промените во животот, бидејќи таму каде што сте сега, се’ ви е познато. И вашите страдања, неволји и болести.
На некои други места може да ви биде полошо. Но, може да ви биде и подобро. Ако живеете свесен живот, верувајте ми, ќе ви биде подобро. Бидејќи единствен кој има моќ да управува со вашиот живот сте Вие. Никој друг. А никако да тргнете, бидејќи се плашите од неизвесната иднина. На тој пат кон никаде, секогаш можете да застанете и да го смените смерот. Да одберете вистински пат и да тргнете таму.
Зошто не истражите нов пат? Да бидете дел од нова експедиција. Секогаш е ваша одлуката. Никој надвор од вас нема сила да ви каже каде ќе одите. Често вашиот ум, ќе ве збуни со постојано менување на смерот. Како да оди 100 на час. И кога имате можност на избор, ќе го одберете оној погрешниот ако го слушате умот. Секогаш.
Освен што сте материјално и ментално комплексни суштества, еден дел од вас има сила да се опира на тој хаос. За да ја надминете мрзливоста на телото и умот, фатете ги конците и насочете го животот на вистинскиот пат.
Секоја одлука е последица на вашето размислување. А размислувањето ве носи до одредена вибрациска состојба. Вибрацијата ја привлекува истата вибрација. Тоа ви отвора нови патишта. И нови предизвици. Што е појасна и посилна енергијата и вибрацијата, тоа патиштата се пошироки. Секогаш можете да одберете нешто друго во било кој момент од животот. Барем од забава.
Извор:zivotjeprica.blogspot.hr
Leave a Reply