Дали некогаш се чувствувате толку уморно и доста ви е од се’? Доста ви е од површни врски со погрешни мажи и трошење време на оние кои не ја гледаат вашата вредност.
Дали некогаш помислувате да се откажете од љубовта, сметајќи дека не е за вас?
Никогаш не се откажувајте бидејќи тоа е погрешно. Верувам дека секоја личност на светот има своја сродна душа која е наменета само за неа.
Кога мојата последна врска заврши, бев на чекор до тоа засекогаш да се откажам од љубовта и да го поминам остатокот на животот сама. Сеуште не разбирам како некои луѓе можат да се играат со туѓи чувства за кои се колнеа дека искрено сакаат? Некои луѓе не разбираат дека срцето не е играчка за да се игра некој со него. Не му посакувам на никој зло, но верувам во карма и верувам дека таа ќе ти врати за се’ она што лошо ми направи мене. Верувам дека ќе сретнеш жена која тебе ќе ти прави она што ти ми правеше мене.
Кармата е спора, но ќе те стигне кога -тогаш. Кармата не простува и не заборава. Доста ми е од половични љубови, сакам маж кој ќе ја види мојата вреднсот и ќе ме прифати и ќе ме сака таква каква што сум. Не сакам да го трошам своето време и своите чувства на некој кој не е подготвен да ми возврати иста љубов која му ја давам јас. Не сакам повеќе да ме изневеруваат и лажат. Сакам маж на кој можам да му верувам и нема да се сомневам. Сакам маж на кој ќе му бидам приоритет и кој ќе ме сака искрено и со сето срце.
Многумина ќе кажат дека барам премногу, но јас барам само она што и самата можам да му дадам на еден маж. Време е да почнам да се ценам себеси и да не го трошам своето драгоцено време на маж кој ме почитува и заслужува.
Миа
Leave a Reply