Хороскоп за јуни 2022 година

Овен

Планетите можат да ги насочат вашите мисли во минатото, да размислите за тоа каква врска имавте и зошто е прекината. Размислувајќи за ова, сигурно ќе сфатите кого сакате да видите покрај себе. Ова ќе ви даде сила и самодоверба, вашата привлечност ќе се зголеми. Само избегнувајте поврзување со личности со кои имате негативни односи во минатото. Бидете внимателни и носете одлуки пополека. Тоа ќе ви донесе среќа.

Бик

Ова лето ќе биде полно со емоции. Можеби во минатото сте биле фокусирани на своите амбиции и ја жртвувавте љубовта поради работата. Сега е време да ги преиспитате своите ставови и да заклучите што навистина очекувате од врската. Можно е дека ќе донесете некои клучни и важни одлуки, оние кои можат да го променат целиот живот. Вашите следни чекори ќе зависат од тоа колку се чувствувате среќно.

Близнаци

Не се плашете од љубовта, но бидете свесни колку далеку сте подготвени да одите. Можеби на партнерот ќе му диктирате премногу услови и тоа и за двајцата ќе биде тест кој ќе се совлада ако отворено зборувате за своите чувства. Прифатете се себеси такви какви што сте, работете духовно и тоа ќе ви донесе нова љубов.

Рак

Поволен период. Ако сте во пар, вашата врска ќе цвета, а љубовниот живот ќе изгледа магично. Ако сте слободни, нови познанства ќе ве чекаат на секој чекор. Единствена работа на која треба да се обрне внимание е можно враќање на минатите врски. Чувајте се од нив, можат да се претворат во неповолни искуства и отворање на стари рани.

Лав

Ќе се обидете да го подобрите односот со партнерот и ќе бидете задоволни со резултатите. Секоја емоција, искрен разговор, се’ што ќе вложите во врската, ќе ви се врати повеќекратно. Иако во минатото се прашувавте дали е оваа врска вредна, сега ќе го дознаете одговорот. Осамените Лавови ќе бидат романтично расположени, но запомнете, ‘тајните врски’ моментално не се најдобра опција за вас и можат да се претворат во загуба.

Девица

Љубовта ви го осветлува патот, вашето срце буквално ќе биде исполенто со неа. Вашите односи ќе се развиваат складно, но уште повеќе, можат да ви отворат нови животни перспективи- патувања, промена на работа или дури и земја. Само чувајте се од носталгијата од минатото, бивши љубовници или среќни моменти. Не гледајте во минатото, дури и ако е многу опасна, нема да можете да се вратите во неа.

Вага

Романтиката е ваш начин на живот, но за да не исчезне со првиот здив на летното време, дајте му приоритет. Осамените Ваги можат да се чувствуваат преоптеретени со работа, но ако стекнете сила да уживате во нови познанства, ќе имате прилика за многу среќни моменти. Брачните парови ќе почувствуваат потреба за нови сензации. Не ја занемарувајте оваа желба, а партенрот ќе ви биде благодарен за тоа. Ако сте пред раскинување, обидете се бргу да ја завршите врската, инаку рискирате да се одуговлекува и биде премногу за вас.

Шкорпија

Во јуни ве очекува емотивна бура. Но, пред да фрлате со громови, запомнете дека сте достојни за искрена и вистинска љубов. Некои Шкорпии можат да ја сретнат сродната душа, други ќе планираат веридба, венчавка, а трети својата врска ќе ја претворат во пепел.

Стрелец

Стрелецот конечно ќе ја почувствува смиреноста која долго му недостасува. Сето внимание ќе биде насочено на куќата и семејството, сосем е можно дека ќе имате планови за средување, поправки или е можна преселба. Јуни ќе биде месец кој може да биде полн со бурни промени.. Многу бргу во вашето срце ќе се појави чувство на ведрина кои не можете лесно да ги игнорирате.

Јарец

Запомнете дека минатото е како пеперутка, можете да и’ се восхитувате, но ако ја земете во раката, таа веднаш ќе се потруди да избега од вас без трага. Научете да се восхитувате на минатото како што се восхитувате на некоја ретка врста, но не се обидувајте повторно да ја заробите. Време е да тргнете понатаму. Вистинска љубов е пред вас, но за тоа да го видите, умот треба да ви биде бистар, а срцето отворено.

Водолија

Направивте важен избор во поглед на својата независност и тие избори ќе имаат последици. Тоа не значи дека ќе бидете сами, но сеуште не дојде време за нова љубов. Фокусирајте се на себе, ценете се себе и личноста која ви е потребна ќе ве најде дури и меѓу гужвата.

Риба

Пред вас се отвора нов свет. Влегувате во еден од најуспешните периоди на својот живот, сите ваши врски ќе цветаат, а соништата ќе ви се остварат. Семејните врски ќе се зацврстат, ќе станете нова подршка. Ако сте слободни почекајте на важно познанство, ако сте во врска ве очекуваат убави промени.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: