Не глумете секогаш принцези, бидете силни и истрајни

Сите сакаат да бидат принцези, Пепелашка, добра вила или мали сирени. А дали негативните улоги се толку лоши? Можеби истите во себе носат всушност добра енергија. Овие се некои улоги, кои жената во животот не треба да ги пропушти.

1. Невоспитана жена. Од детството не’ учат како жените мора да бидат културни и одмерени, подготвени да помогнат и сослушаат. Меѓутоа, можеби и најдобра работа која себеси понекогаш можете да си дозволите е секако да бидете невоспитани. Само на тој начин можете да ги избегнете проблемите на другите луѓе, нивната негативна енергија или лоши намери. Кога сте секогаш тука за некој и на располагање, често ќе бидете само добро искористени. Тогаш никој нема да ви каже дека сте убаво воспитани.

2. Цврста и силна Амазонка. Во некои семејства, постои забрана за оштро однесување на девојките, подоцна жените. Во девојките се негува складност, нежност и смиреност. Додека потребата да се искажат своите ставови, често се смета како испади на бес. Слободно себеси дозволете си улога на борбена и силна Амазонка. Тоа секако ќе ви треба и ќе ви служи во животот. Ако самите нема да се изборите за себе, верувајте дека нема никој друг.

3. Лоша домаќинка. Бидете слободни понекогаш да бидете лоша домаќинка. Каде пишува дека секогаш треба да носите се’ на својот грб? Кажете дека нешто не знаете, не покажувајте и не наметнувајте дека се’ знаете. Никој нема да воодушевите, туку сами на себе ќе си наштетите. Дозволете му на својот маж да ги почувствува домашните работи, исто така и на децата. Не сте должни се’ да им сервирате на готово.

4. Дрска госпоѓа. Девојките исто така се учат да не бидат дрски и одбојни. Тоа е во ред. Но, исто така понекогаш дозволете си ја себеси, бидејќи ваква улога злато вреди. Понекогаш е потешко да се гледа како другите сакаат да ве газат, а вие стоите настрана, отколку и вие да разбудите механизам на одбрана. Секако, секоја жена треба да ја негува својата убава страна. Природата тоа и’ го даде. Но, понекогаш себеси дозволете си да покажете заби, да се заземете за себе и да не глумите секогаш Пепелашка и принцеза.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: