Се трудите повеќе за него отколку за себе? Стапица во која се фаќаат често жените

Добрата личност навикната е да им помага на другите луѓе и се труди околу нив, а со тоа себеси се запоставува. Се сеќавате на Пепелашка? Девојката која живееше со маќеата и лошите сестри и секојдневно беше изложена на притисок. Мораше да се грижи за цела куќа, за сите нивни потреби и желби, а за возврат имаше сигурен покрив над главата. Ви звучи познато?

Чудно е дека психологијата има директно влијание на оваа приказна. Неодамна прочитав нешто интересно: ‘Не знам како да се засакам себе. Подготвена сум да направам се’ за другите луѓе околу мене: Да купам најдобри работи за нив, да им угодам и не ми смета што моите работи не се нови и што не е се’ по мое’. Ова е синдром на Пепелашка.

Луѓето кои работат се’ за другите, а ништо за себе. Во состојба се да бидат бескрајно трпеливи кога се во прашање нивните потреби. Но, имаме право на среќа зарем не?

Жените со синдром на Пепелашка не мислат баш така. Оваа состојба се карактеризира како патолошка пожртвуваност. Одбивање на купување во корист на мажот, децата, куќата, недостаток на удобност и одмор, помалку слободно време порано или подоцна ќе доведе до депресија.

Но, како да се ослободите од оваа состојба? Ништо на никој не му должиш. Стара, но не и неточна изјава. Вие сте мајка, сопруга, ќерка, сестра, но вие сте напрво индиивидуа за себе. Па и вас ви треба одмор. Распоредете ги одговорностите. Не можете за се’ да се грижите. Понекогаш мора да бидете себични за да не се запоставите себеси. Трошете време и пари на себе. Љубовта и грижата за себе е многу важна. Учете се на тоа. Тоа можат да бидат ситници, било што во кое уживате. Најпрво и најважно е да се сакате себеси.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: